10 суптилни знаци дека можеби имате проблеми со тироидната жлезда
Прекумерно потење
Прекумерното потење, дури и кога не е многу жешко, може да биде јасен знак за хипертироидизам.
Паѓање на косата/влакната на телото
Кај лицата со хипотироидизам, некогаш може да дојде до паѓање на косата, но и влакната на телото, како на веѓите.
Ова не е перманентно паѓање на влакната и откако ќе се стабилизира работата на тироидната жлезда, косата (и влакната) треба да се вратат во нормала.

Суви и кршливи нокти
Кога има проблеми со тироидната жлезда, може да се јават промени во ноктите.
Може да растат побавно или побрзо, а можно е да забележите и промени во текстурата и нивната јачина.
Проблеми со сеќавањето
Покрај симптомите како анксиозност и раздразливост, проблемите со тироидната жлезда можат да предизвикаат ментален замор, а со тоа и проблеми со сеќавањето.
Студени стапала
Бидејќи имаат влијание и врз метаболизмот, проблемите со тироидната жлезда можат да се манифестираат и преку студени стапала и дланки.
Исто така, може да се соочите со многу сува кожа на стапалата, како и испукани пети.
Спирова С. | Црнобело
