Без лекови: Како да го намалите холестеролот по природен пат?

Поради зголеменото ниво на холестерол во крвта може да се соочите со голем број здравствени проблеми и да ви се намали животниот век. Постојат намирници кои ќе ви помогнат на природен начин да го решите овој проблем...

bez-lekovi-namalete-go-holesterolot-po-priroden-pat-01.jpg

Холестеролот е восочна супстанција која се создава во црниот дроб, а нашето тело ја користи за да изгради клетки за различни процеси.

Доколку јадете масна и зачинета храна, вашиот црн дроб ќе создаде дополнително холестерол, кој може да се претвори во тврда, восочна супстанција во вашите артерии. 

Оваа супстанција се смета за еден од најголемите фактори на ризик за кардиоваскуларни болести и мозочен удар.

Нивото на холестеролот може да биде:

ЛДЛ (липопротеини со мала густина) холестерол, односно лош холестерол, кој е поврзан со високи триглицериди и зголемени масти во крвта.

HDL (липопротеини со висока густина) - добар холестерол бидејќи го транспортира холестеролот до црниот дроб за да се отстрани од телото, исто така помага телото да се ослободи од вишокот маснотии, така што помала е веројатноста да заврши во артериите.

bez-lekovi-namalete-go-holesterolot-po-priroden-pat-05.jpg

Во продолжение прочитајте како да го намалите холестеролот и да го држите во оптимални граници

Избегнувајте транс и заситени масти

Ако консумирате храна која содржи заситени или транс масти, многу лесно можете да го зголемите нивото на холестерол во крвта. 

Заситените масти главно се наоѓаат во прехранбени производи од животинско потекло, како што се: сирењето, млекото, маргаринот, месото и месните преработки.

bez-lekovi-namalete-go-holesterolot-po-priroden-pat-06.jpg

Јадете храна богата со влакна

Зголемување на дневниот внес на растворливи влакна, кои помагаат во апсорпцијата на мастите и регулирање на телесната тежина, ги блокираат мастите и го стабилизираат нивото на шеќер во крвта. 

bez-lekovi-namalete-go-holesterolot-po-priroden-pat-15.jpg

Вежбајте

Доколку имате проблеми со килограмите многу е поголема веројатноста да имате зголемено ниво на холестерол. 

Многу е важно да се напомене дека послабите луѓе може да имаат холестерол доколку јадат нездрава храна или имаат семејна историја на болеста.

Пешачењето, возењето велосипед, трчањето и пливањето се само дел од активностите кои можат да ви помогнат да го намалите холестеролот и да го одржите вашето срце здраво.

bez-lekovi-namalete-go-holesterolot-po-priroden-pat-07.jpg

Намалете со алкохолот

Кога консумирате алкохолни пијалоци, црниот дроб почнува да ја разградува алкохолната течност на триглицериди и холестерол, истовремено зголемувајќи го крвниот притисок. 

На овој начин станува уште потешко одржувањето на телесната тежина во здрав опсег, додека самиот алкохол може да предизвика разни психолошки состојби и да предизвика бројни болести.

bez-lekovi-namalete-go-holesterolot-po-priroden-pat-08.jpg

На следната страница прочитајте кои намирници помагаат за намалување на холестеролот...



Би можело да ве интересира:

Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Колку се опасни масните наслаги на стомакот (и кога да одите на лекар)? Вишокот масни наслаги на стомакот обично значи и вишок висцерални масти – масно ...
„Бев несреќна. Немав навика да вежбам и ми беше тешко дури и да одам пешки“ „Имав 46 години и се чувствував мизерно. Сега имам 49 години, 61 килограм, многу...
„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg