Исповед на девојка од Србија за животот со гранично растројство на личноста: „Се соочив со ментални проблеми на 12 години“

„Кога ја добив првата дијагноза, панично нарушување, на 14 години , бев прва година средно училиште. Моите професори забележаа дека многу често имам панични напади и речиси се онесвестувам на час. Ги повикаа моите родители..“, ја започнува својата тешка животна приказна Ања Ѓорѓевиќ.

iskrena-ispoved-na-devojka-od-srbija-za-zhivotot-so-granichno-rastrojstvo-na-lichnosta-01.jpg

Ања Ѓорѓевиќ е девојка од Србија која во емисија на телевизија „Прва“ си ја отвори душата за својата здравствена состојба.

Таа најпрво имала симптоми кои биле поврзувани со напади на паника, а подоцна ја добила дијагнозата – гранично нарушување (растројство) на личноста.

Таа вели дека одлучила јавно да ја сподели својата приказна за да ја намали стигмата кон луѓето кои се лекуваат од некое ментално нарушување.

iskrena-ispoved-na-devojka-od-srbija-za-zhivotot-so-granichno-rastrojstvo-na-lichnosta-05.jpg

„Мојата прва дијагноза ја добив кога наполнив 14 години, и тогаш беше панично нарушување.

Таа дијагноза одговараше на моите симптоми - нападите на паника и, за жал, обидот за самоубиство што го имав на 12 години.

Тој прв контакт со дијагнозата беше исклучително тежок и за мене и за моите родители, бидејќи тие не можеа да прифатат дека нешто не е во ред, а и мене ми беше многу тешко да се соочам со тоа“, раскажува Ања во емисијата „150 минути“.

iskrena-ispoved-na-devojka-od-srbija-za-zhivotot-so-granichno-rastrojstvo-na-lichnosta-02.jpg

„Дури подоцна, кога наполнив 18 години, ја добив дијагнозата гранично нарушување на личноста. Тоа беше уште потешко да се прифати, но решив да ја прифатам како своја животна борба и да продолжам понатаму заедно со неа.

Се обидов трипати да си го одземам животот, а и денес секојдневно ми доаѓаат такви мисли.

Но сега активно се борам со нив, благодарение на психотерапијата и фармакотерапијата, и некако успевам да живеам со тие мисли секој ден.

Кога ја добив првата дијагноза на 14 години, бев прва година средно училиште. Моите професори забележаа дека многу често имам панични напади и речиси се онесвестувам на час.

Ги повикаа моите родители и им рекоа дека можеби нема да можам да го завршам училиштето ако продолжи така, па мора да побараат стручна помош.

Денес моите симптоми вклучуваат постојано чувство на празнина, хронични суицидни мисли кои секојдневно ме искушуваат, како и нестабилни односи со луѓето. Но, благодарение на психотерапијата, симптомите кај мене значително се ублажија“.

iskrena-ispoved-na-devojka-od-srbija-za-zhivotot-so-granichno-rastrojstvo-na-lichnosta-03.jpg

Ања открива дека најголема поддршка ѝ е сопругот. Успеала да се вработи, да ја задржи работата и паралелно да студира.

„Денес успешно работам и веќе седум години сум на истото работно место, што е голем успех за некој со мојата состојба.

Учествувам на трки, имам многу хобија како планинарење, кампување, а студирам и психологија.

Моментално сум прва година. По долг период пауза успеав да се запишам на факултет и истовремено успешно да ги исполнувам сите мои животни обврски“.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Марија од Загреб: „Љубовта на сопругот ме извлече од пеколот на ракот на матка - не излегов скршена,... „Да не отидев на преглед, немаше да знам дека имам рак. Телото речиси и не ме пр...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...

Најчитани неделава