Најефикасно решение за вагинални инфекции

(Промотивен текст) Вагиналните инфекции најчесто се предизвикани од бактерии или габички.  Тие можат да бидат тешки за лекување, упорни и досадни.

Кај 80 отсто од жените инфекцијата се јавува повторно во период од три до девет месеци, а 10 до 15 отсто од жените имаат повеќе од четири инфекции годишно.

1. Што претставува нормална вагинална флора и којa е нејзината функција?

najefikasno-resenie-za-vaginalni-infekcii

Нормалната вагинална флора ја сочинуваат корисни бактерии од родот lactobacillus, кои се нарекуваат и Doderlein бацили. Тие се наоѓаат во многу висока концентрација во вагината кај секоја здрава жена и имаат заштитна улога. За воспоставување и за одржување на женското интимно здравје е многу важно овие бактерии да бидат присутни во висока концентрација поради тоа што:

- Ја одржуваат нормалната pH вредност на вагината (под 4,5), односно нормалната киселост, која не е погодна за размножување на штетни бактерии.

- Формираат заштитен биофилм на вагиналната слузница, кој не дозволува штетните микроорганизми да се задржат.

- Лачат антибактериски супстанции, против потенцијалните предизвикувачи на инфекции.

- Помеѓу корисните и штетните бактерии постои компетиција. Доколку корисните бактерии се застапени во висока концентрација, тие не дозволуваат штетните бактерии да се размножуваат.

2. Кога се јавуваат вагинални инфекции?

Секогаш кога во вагината ќе се намали концентрацијата на корисни бактерии под одредена граница и се покачи pH вредноста, штетните микроорганизми почнуваат да се размножуваат. Ова може да се случи поради многу различни фактори (лоши хигиенски навики, носење синтетичка облека, пливање во базен, лекување со антибиотици, обилни менструални крвавења, шеќерна болест, намален имунитет и др).

Кога, пак, штетните микроорганизми ќе се размножат над одредена концентрација, започнуваат да се јавуваат тегоби карактеристични за вагинални инфекции (чешање, печење, непријатен мирис, вагинален исцедок). Постојат и бактерии, кои при инфекција, не предизвикуваат непријатни симптоми, но можат да доведат до подолготрајни последици.

3.  Што можеме сами да направиме при појава на вагинална инфекција?

- Промена на исхраната (исфрлање на јаглехидратите)

- Употреба на неутрални средства за интимна нега

- Носење облека од природен (памучен) материјал

- Локална (вагинална) употреба на пробиотици, како што е Linex Lady, кој брзо ја нормализира вагиналната флора, pH вредноста и го подобрува локалниот имунитет.

4. Што е најважно да се преземе при често повторување на вагинални инфекции:

Најважен фактор, покрај употребата на лекови препорачани од лекар, е нормализирање на вагиналната флора, со употреба на Linex Lady.

Linex Lady е сосема природен, може да се употребува и долготрајно (доколку постои потреба), може да се користи во кој било период од циклусот, без да се прекинат сексуалните односи.

Linex Lady содржи висока концентрација на Doderlein бацили, кои претставуваат природна заштита на вагината, брзо ја нормализираат вагиналната флора и pH вредноста, со што спречуваат појава на инфекции, а делуваат брзо поради локалната апликација.

Linex Lady вагиналните капсули, немаат мирис, обоеност, ниту несакани ефекти.

Linex Lady е безбеден за долготрајна употреба и кај трудници.

Linex Lady - најдобар сојузник на женското здравје.

Би можело да ве интересира:

Чело, грб, рамена: Зошто се појавуваат акни на разни делови од телото? Генерално, акните се појавуваат поради претерано лачење масти, но можат да се по...
Зошто се јавува сезонскиот грип и како можете да се заштитите? Најчестите симптоми на сезонски грип се кашлица, треска и болки во телото. Повеќ...
Факти за хименот - Ако целосно ја покрива вагината, мора да се оперира, кај секоја жена има различна... Хименот кај жените и девојчињата речиси во сите светски култури се смета за глав...
Начини на лекување на курје око - како да го отстраните сами дома? Силна болка во стапалото и зацрвенета кожа која е груба на допир се знаци дека ќ...
Прашувам за пријателка: „Зошто вагината ми мириса чудно?“ „Ако вашата вагина одеднаш почне да мириса на риби, а притоа се промени изгледот...
Ако имате рак и сте под стрес, болеста се шири и до 4 пати побрзо, според ново истражување „Стресот е нешто од што не може да се заштитат пациентите кои боледуваат од рак“...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg