Зошто да пливате?!

Пливањето како и останатите физички активности добро е  за нашето здравје. Додека пливате не постои опасност од притисок во долниот дел на телото односно...

 


... пливањето не представува никаква опасност по нашиот генитален дел.

Тоа значи дека со пливањето го штитиме и овој дел од нашето тело од стрес и напор. Интернационалната фондација за артритис посебно препорачува пливање како и други водни активности токму поради оваа причина.

Бидејќи при пливањето нема преголем притисок, пливањето е активност која може да се употребува во текот на целиот живот без разлика на годините.

Пливањето претставува и одлична активност за подобрување на кардиореспираторниот систем. Во истажувањето во кое биле вклучени мажи и жени во средни години кои поради истражувањето се занимавале со пливање 12 недели - забележан е поголем капацитет на белодробните крила дури за 10%.
Исто така е забележан завиден напредок во замавот (протокот на количината на крвта при секој замав што ја покажува силата на срцето) и тоа за 18%.

zosto-da-plivate1
Уште едно истражување во кое биле вклучени припадниците на машката популација и кое траело 8 недели - забележан е пораст во големината на трицепсот за 23,8%. Она кое е исто така интересно е што  и  на идните пливачи може да им користи  ова како стимул бидејќи фактот зборува, иако не се занимавате со никаква физичка активност и започнете со пливање ќе го постигните она кое го постигнаале испитаниците.

Пливањето е од голема помош и може да послужи како терапија кај извесни повреди на кичма, врат, на долните екстремитети. Токму поради ова на професионалните спортисти им се препорачува како терапија после повредите.Тајната на пливањето е во тоа што отпорот кој го дава водата ги тера нашите мускули уште повеќе да работат, а при тоа не бара претеран напор со кој се сретнуваме при вежбите на цврсто тло.

Предноста на пливањето во однос на другите физички активности, лежи во фактот дека со пливањето се согоруваат доста калории. Распонот се движи од 500 до 650 калории по час, во зависност од тоа колку добро и ефикасно пливате.
Едно од најпродуктивните истражувања за пливањето и потрошените калории - покажало дека со пливањето,без разлика на замавот, се согорува 89% калории како за време на трчањето и уште 97% калории како за време возење  велосипед, кога се зема во предвид истиот временски период.

Исто така треба да знаете дека трошењето на калориите зависи и од интензитетот на вежбите, така што можно е да се согорат повеќе калории при пливањето отколку при трчањето, за ист временски период но под услов да се зголеми интензитетот на пливањето.

Покрај тоа пливањето позитивно влијае на намалување на килограмите, и е докажано дека оние кои се занимаваат со пливање немаат целулит.

Би можело да ве интересира:

Ана Најдовска расте две деца во Норвешка: „Докторите тука преку видео повик гледаат како дише бебето... „Искрено, патувањето во Скопје овој пат беше малку стресно. Оби имаше температур...
Пет симптоми кои можат да бидат знак за проблеми со плодноста (и кога да одите на лекар) Нередовните менструации обично значат и нередовна овулација, а ова може значител...
Што да правите ако вашиот партнер навечер ’рчи и ве буди? Пробајте да ја промените положбата на партнерот, замолете го да оди на лекар и а...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Знаци дека можеби имате анксиозно нарушување (дури и ако не ви изгледа така) Сте доживеале голема животна промена со која тешко се справувате или, пак, забел...
10 суптилни знаци дека можеби имате проблеми со тироидната жлезда Помалку влакна на телото од вообичаено, анксиозност, но и зголемен апетит – неко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg