Вие прашувате, психолог одговара: „Постојано се плашам дека сум болна од нешто и дека умирам“

На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт.

vie-prashuvate-psiholog-odgovara-postojano-se-plasham-deka-sum-bolna-od-neshto-i-deka-umiram-01.jpg

Прашањата за психолозите може да ни ги испраќате на нашиот мејл Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. – истите треба да бидат концизни и со кирилична поддршка.

Прашање од читател:

„Имам постојан страв дека сум болна од нешто и дека умирам. И при најмала болка во грло, јас си помислувам дека имам рак.

Што и да ме заболи, се плашам дека е најстрашното. Откако ќе направам контроли на доктор ми олеснува (до следно разболување).

Претпоставувам дека станува збор за хипохондрија, но не знам како да си помогнам бидејќи не ми влијае добро на секојдневието“.

Одговор од психолог Драгица Стаменковиќ:

Секако дека не ви влијае добро на секојдневието, со оглед на тоа дека живеете во перманентен страв.

Доколку трае подолго време, може да се случи стравот да стане доминантна емоција и да заземе преголем простор за сметка на другите емоции.

Тие други емоции можат да бидат радост, задоволство, опуштеност, смиреност или други пријатни емоции кои го прават нашиот живот поквалитетен.

Исто така, доколку овој страв трае долго време, би можел да се одрази на физичката состојба на вашето тело, како што се срцебиења, препотувања, внатрешен немир, главоболка или други тешкотии кои можат да ве исплашат уште повеќе и да го зголемат вашиот страв од болест.

Меѓутоа, овие физички реакции се биолошки одговор на вашиот страв, едноставно нашето тело има свој механизам на реакција кога сме исплашени.

Корисни прашања кои може да си ги поставите се: Од кога е присутен овој страв? Дали сега или во минатото постои реална причина за овој страв?

Дали се случиле ненадејни болести или загуби во вашиот живот, а поврзани со блиски луѓе? Во кои сфери на животот овој страв ве ограничува?

Кога стравот не би постоел, каков би бил вашиот живот? Постојат ли делови од денот или време кога овој страв е помалку присутен? Постои ли време кога не е присутен? Кога е тоа?

Обидете се да одговорите на овие прашања и можеби ќе дојдете до некој сопствен увид кој ќе ви донесе олеснување.

Доколу сепак оваа состојба трае подолго време, јас би препорачала да побарате стручна помош

Побарајте бесплатна консултација или закажете сесија со Драгица Стаменковиќ, дипл. психолог ТУКА.

Разговарајте со лиценциран психолог и надминете ги предизвиците.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

фото: приватна архива / depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Марија од Загреб: „Љубовта на сопругот ме извлече од пеколот на ракот на матка - не излегов скршена,... „Да не отидев на преглед, немаше да знам дека имам рак. Телото речиси и не ме пр...
7 знаци дека вашиот мозок e заглавен во режим на преживување (а не сте мрзливи) Почнувате да се плашите од понеделник уште пред да заврши денот недела, стануват...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Доктор одговара на прашања што сигурно ви е срам да ги поставите (a премногу ве интересираат) Проблеми со постигнување оргазам, колку често треба да се оди во тоалет, дали ко...
Што да правите ако вашиот партнер навечер ’рчи и ве буди? Пробајте да ја промените положбата на партнерот, замолете го да оди на лекар и а...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg