Правила за супер комуникација

Навидум едноставна, вештината за комуницирање може да ви го олесни животот само доколку добро ја совладате. Комуникациските вештини не...

... го опфаќаат само она што го изговарате, туку комплетниот став и сè она што лежи „меѓу редови“. Извежбајте ги следните совети и успешно избегнете ги можните расправии.

Топ 10 елементи за успешна комуникација:

1. Директно
Бидете најдиректни што можете, секако во границите на пристојноста. Разговорите „од околу“ може да ги збунат соговорниците, па тие ќе го изгубат интересот за она што го зборувате. Потрудете се да го најдете директниот начин и веднаш тргнете кон поентата што сакате да ја кажете.

2. Манири
Како и да комуницирате, не заборавајте на пристојното однесување. Да бидете учтиви е подобар начин да докажете дека сте во право отколку да бидете дрски. Доброто однесување ќе го опушти вашиот соговорник и тој ќе биде поотворен и расположен да го слушне она што имате да го кажете.

3. „Јас“ говор
Користете го зборчето „Јас“. Со користење на „Јас“ давате до знаење дека она што го зборувате е ваш личен став, а не цврст факт или обвинување. Вака луѓето нема да се чувствуваат нападнати. Има разлика меѓу „Ти си бесчувствителен“ и „Јас мислам дека со тоа подзаборави на моите чувства“

4. Позитивно размислување
Истакнете ги позитивните страни. Ова важи и за деловните состаноци, и за љубовните врски и за воспитување на своите деца. Позитивниот тон ќе го задржи вниманието на соговорниците и нема да ги натера веднаш да завземат дефанзивен став.

5. Разбирање
Мора да ислушате за да разберете. Активното слушање е најпотребниот елемент на успешната комуникација. Истото важи и за директен разговор и за писмена преписка. Не дозволувајте да ви одлутаат мислите затоа што ќе го навредите соговорникот и ќе ја уништите шансата за цивилизиран договор. Визуелизирајте сè што ќе ви се каже и најмногу што можете ставете се на местото на другиот.

6. Повеќе од зборови
Зачинете го разговорот со соодветни паузи, гестикулации и мимики. Кога пишувате, пак, внимавајте на правописот и точната интерпункција. Без овие елементи зборовите ќе бидат премногу суви за некој да ги запомни или вистински сфати.

7. Визуелна помош
Користете визулени елементи за да ги дообјасните зборови. Кога можете користете слики, табели и други помошни средства. Ова е податливо за деловни обраќања, но и во секојдневната комуникација може да искористите некоја салфетка за да нецртате мапа, или пак соларници што ќе одглумат некоја „сцена“ од минатото.

8. Јасно и гласно
Избегнувајте ги конфузните и двосмислени реченици. Немојте да се расфрлате со сложени термини што соговорникот можеби нема да ги разбере, ниту пак со сленговски зборови и фрази што немаат едно, дефинирано значење.

9. Без претпоставки
Обидете се однапред да се подготвите за туѓите реакции, но никогаш не претпоставувајте како некој ќе изреагира. Планирањето е паметно за да се подготвите за потенцијалните проблематични ситуации, но колку и да се трудите нема да успеете да направите свое сценарио за целиот разговор. Претпоставките ја ограничуваат флексибилноста, а без флексибилност не постои разбирање.

10. Трпение
Сетете се како оди народната - „Трпение - спасение“. Ако избрзувате ќе го изнервирате и соговорникот и себе, а целиот дотогашен разговор ќе падне во вода. Бидете подготвени да ислушате, па и неколку пати да објасните иста работа и комуникацијата ќе ви оди многу полесно.


Би можело да ве интересира:

Како да реагирате доколку наидете на лице со деменција кое е изгубено? Не ја оставајте личноста сама и кога разговарате со неа, зборувајте јасно и со к...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Зошто се појавуваат влакна на женските гради и дали е безбедно да ги отстраните? Многу жени и девојки имаат влакненца во пределот на градите, особено околу брада...
Луѓе, животни или базен - Како можете да се заразите со шуга? Дали шугата ја пренесуваат само животните? Дали може да ја добиете на базен? Как...
Што открива бојата (и текстурата) на семената течност за вашето здравје? Додека е нормално семената течност некогаш да има бледожолта нијанса, ако ова тр...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg