Што открива бојата (и текстурата) на семената течност за вашето здравје?

Додека е нормално семената течност некогаш да има бледожолта нијанса, ако ова трае долго, а чувствувате и други симптоми, може да биде знак за некаков проблем. Што значи розова, црвена, зелена, па дури и црна семена течност?

shto-otkrivaat-bojata-i-teksturata-na-semenata-techno-za-mashkoto-zdravje-01.jpg

Од изгледот на ноктите до бојата на урината, нашето тело има многу начини на коишто ни кажува дали можеби има некаков проблем со здравјето.

Кај мажите, дури и бојата и мирисот на семената течност може да биде индикатор за здравствената состојба.

Карактеристиките на семената течност, како боја и мирис, можат да зависат од многу фактори, вклучувајќи начин на исхрана, возраст и пушење.

Во некои случаи, овие карактеристики можат да бидат и знак за здравствен проблем.

Важно е да знаете дека само затоа што забележувате промена во изгледот на семената течност, не мора да значи дека имате проблем со здравјето.

Но, доколку чувствувате и некој друг симптом, препорачливо е да се обратите на лекар.

Па, што откриваат изгледот и мирисот на семената течност за вашето здравје?

Бела боја

Здравата семена течност има бела боја и е малку проѕирна. Нормално е да се забележат и сиви, но и малку жолти нијанси.

Текстурата е како гел и се згрутчува кратко по ејакулација.

Кога станува збор за количеството, кај мажите е нормално да ејакулираат од околу 1,5ml до 5ml. Ова количество може да се намалува со возраста, особено кај мажи кои имаат направено вазектомија или имаат проблеми со простата.

shto-otkrivaat-bojata-i-teksturata-na-semenata-techno-za-mashkoto-zdravje-02.jpg

Жолта боја

Иако е нормално семената течност некогаш да има жолта нијанса, изразената жолта боја може да биде знак за неколку проблеми.

Жолтата боја може да биде поврзана со прекумерно пиење алкохол, но и здравствени проблеми како уринарни инфекции.

Многу жолтата боја може да биде знак за жолтица.

И проблемите со мочниот меур може да предизвикаат жолта боја на семената течност.

Во поретки случаи, жолтата семена течност може да биде поради некакво воспаление, автоимуни болести и сексуално преносливи болести.

shto-otkrivaat-bojata-i-teksturata-na-semenata-techno-za-mashkoto-zdravje-03.jpg

Зелена нијанса

Причините за зелената нијанса се слични како оние за жолта.

Некои сексуално преносливи болести, како кламидија или гонореја, можат да го променат изгледот на семената течност. Во овие случаи, исто така, се јавува и непријатен мирис.

Од друга страна, можно е и земањето витамини да предизвика привремена промена на бојата.

Важно е да внимавате на симптомите и ако не забележувате враќање во нормала, одете на лекар.

shto-otkrivaat-bojata-i-teksturata-na-semenata-techno-za-mashkoto-zdravje-04.jpg

Црвена или розова

Најчестата причина за црвена или розова нијанса на семената течност е присуство на крв кое, пак, може да биде предизвикано од инфекција.

Црвената нијанса може да се појави и по некаков зафат на простата, но тогаш вашиот лека ќе ве извести за оваа можност.

Во ретки случаи, можно е да има и проблеми со тестисите. Ако семената течност не се нормализира и чувствувате други симптоми, одете на лекар.

shto-otkrivaat-bojata-i-teksturata-na-semenata-techno-za-mashkoto-zdravje-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg