Потребен ви е добар сон!

potreben-vi-e-dobar-son-povekjeДали сте од оние кои мислат дека 6 часа сон се доволни за ги наполните батериите за следниот ден до максимум? Размислете повторно. Векови наназад...

 

...луѓето спиеле од 8 до 9 часа секој ден.potreben-vi-e-dobar-son

Денес, во свет со кој владее технологијата, Интернетот и мобилните телефони, соочени сме со неизбежен стрес, па не можеме да најдеме доволно време за спиење.

Еве да погледнеме неколку години наназад. Според една американска невладина организација, 20% од Американците во 2009та спијат 6 или помалку од 6 часа.

Процентот на ваквите луѓе во 2001 изнесувал 13%. Во истата година, 38% од Американците спиеле по 8 или повеќе часа, додека тој процент денес е намален за 10.

16% од 1.000 испитаници рекле дека нивниот сон е пореметен поради финансиски проблеми.

Без разлика на тоа дали овие податоци се точни или не, мора да се разбере значењето на сонот. Недостатокот на сон води кон сериозни болести, но им штети и на оние околу вас.

Последиците од тоа се следните:

- Зголемен ризик од сообраќајни незгоди.
- Зголемен индекс на телесна маса поради зголемен апетит кој е последица од нередовно спиење.
- Зголемен ризик од дијабетис и срцеви проблеми.
- Зголемен ризик од психијатриски состојби, вклучувајќи депресија и злоупотреба на лекови.
- Намалена способност за внимание, реагирање на сигнали или запомнување на нови информации.

Веројатно ќе помислите дека за да се заштитите од сето ова треба да спиете што е множно повеќе, но не е така. Предолгото спиење исто така укажува на болест, што значи одговорот лежи некаде помеѓу овие две.

На возрасните им се препорачува да спијат од 7 до 9 часа дневно. Помалку или повеќе од ова ќе го зголеми ризикот од здравствени проблеми. Исто така, имајте на ум дека потребата за сон варира во согласност со возраста, а новороденчињата треба да спијат од 10 до 18 часа.

Секоја личност има различни потреби. Генетиката, исто како и вашата околина, игра огромна улога во тоа колку долг сон ви е потребен, за да се чувствувате свежи и одморени. Дали се чувствувате продуктивни во текот на денот? Здрави? Сконцентрирани? Дали зависите од кофеин? Дали се чувствувате поспано додека возите?

Најдете време за добар сон!

Би можело да ве интересира:

„Подмолни“ симптоми на синдром на полицистични јајници што секоја жена треба да ги знае Дебелеењето и отежнатото слабеење, како и појавата на влакна на брадата и лицето...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Промени во видот и очите што може да се знак за (посериозни) здравствени проблеми Ненадејната силна болка зад окото може да биде знак за авнеризма, додека замагле...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Ниско ниво на енергија, намален интерес за работа: Рани знаци за Алцхајмер кои не треба да се игнори... Алцхајмеровата болест има три фази, а во првата симптомите се поблаги и не влија...
Зошто имате испакнати вени (и кога треба да одите на лекар)? По интензивна физичка активност, нормално е вените да изгледаат испакнато. Исто ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg