Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто после плачење често се јавува главоболка?

Понекогаш плачењето има терапевтски ефект и носи одредено олеснување на оној кој е тажен. Но, понекогаш, ниту тоа не е доволно. Сè зависи од причината за солзите.

zoshto-posle-plachenje-chesto-se-javuva-glavobolka-01.jpg

Плачењето емотивно ги празни луѓето, им ги зацрвенува очите, лицето отекува и е бледо, а неретко сето тоа е проследено и со главоболка.

Што е тоа што ја предизвикува оваа болка? Зошто нè боли главата по плачење, како да не е доволно тоа што веќе страдаме однатре?

Што се случува во телото кога сме тажни?

За време на тага, исто како и при нервоза и стрес, се лачи хормонот кортизол. Токму кортизолот активира одредени невротрансмитери и предизвикува хемиска реакција во нервниот систем, која пак, се манифестира со физички ефект.

Поради тоа, кога плачеме, чувствуваме тензија и напор во делот на челото, а на лицето му тежат дури и солзите кои се слеваат по него.

Еден од одговорните невротрансмитери е ацетихолинот, кој ги стимулира солзните жлезди. Штом тие почнат да лачат солзи, започнува еден верижен процес на дразби на ноздрите, отекување на слузокожата, притисок во синусите и грчење на мускулите на главата.

Комбинацијата од овие фактори, како и емотивната испразнетост, влијаат да се појави таа главоболка, која за среќа, воопшто не предизвикува последици нејзината „злобна роднина“, мигрената.

Токму затоа и главоболката што се јавува по плачење се нарекува уште и тензична главоболка. За време на плачењето, особено кога тоа е интензивно и долготрајно, напрегнати се голем број мускули на главата, вратот, па дури и рамениците.

Исто така, се затнуваат и синусните канали, па се појавува непријатниот притисок во јаболчниците и во челото.

zoshto-posle-plachenje-chesto-se-javuva-glavobolka-02.jpg

Што се случува со оние кои се склони на мигрени?

Оваа категорија луѓе има хиперсензитивен нервен систем, па плачењето кај нив може да биде проследено и со мигренозна болка.

Затоа, ако страдате од хронична мигрена, имајте на ум дека вашето плачење често може да биде проследено со ужасна болка и да чувствувате мачнини и исцрпеност.

Доколку се појави или тензична или мигренозна болка, замолете некој да ве измасира на вратот и рамениците. Истуширајте се со млака вода или нанесете топли или ладни облоги. Земете лек против болки што го користите и при обична главоболка и што е најважно, оставете тагата и болката да излезат од вас.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Видови болка кои никако не треба да ги игнорирате, според доктор Болката во стомакот не е невообичаена појава, но кога е многу силна, не поминува...
Болки во 'рбетот и зглобовите: Дали се наследни и што помага да исчезнат? Спортските активности може да ја влошат болката во 'рбетот и зглобовите доколку ...
8 причини за болка во градите кои не се ПМС Покрај хормоналните промени за време на ПМС, и други фактори можат да предизвика...
„По 20 години болни менструации од кои губев свест, ми дијагностицираа ендометриоза“ Млада Британка две децении имала обилни и толку болни менструации, што некогаш г...
Хронична вагинална болка – што треба да знаете за вулводинија и кога да се консултирате со лекар? Хроничната вагинална болка се нарекува вулводинија и иако не е позната точната п...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg