Запознајте ја девојка што е алергична на зима, а живее во Канaда
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Giro prodavac 22-04-2019
Столар 22-04-2019


Запознајте ја девојка што е алергична на зима, а живее во Канaда

21-годишната Аријана живее на место каде температурите се симнуваат и 40 степени под нулата и тоа го влошува проблемот.

devojka-e-tolku-alergichna-na-zimata-shto-neretko-zavrshuva-vo-bolnica-01.jpg

Некои на шега знаат да прокоментираат дека се алергични на студеното време и зимата, но една девојка навистина е.

21-годишната Аријана Кент од Канада страда од состојбата уртикарија, предизвикана од ладно, што значи дека самиот контакт со нешто ладно - од ладен ветер до ладна вода може да направи таа да заврши во болница.

Оваа автоиумна болест ѝ предизвикува осип по целото тело со црвени пликови кои ја чешаат, а може да дојде и до анафилактичен шок. Во најлошите периоди од нејзината состојба на Аријана ѝ се случувало и по три пати во текот на еден месец да заврши во болница поради сериозноста на симптомите.

devojka-e-tolku-alergichna-na-zimata-shto-neretko-zavrshuva-vo-bolnica-07.jpg

Таа вели дека кога ќе каже дека е алергична ладното, многу луѓе не ѝ веруваат затоа што не знаат дека тоа постои.

Најлошото од сето ова е што Аријана живе во Канада, каде температурите паѓаат и до 40 степени под нулата. Во такви денови таа задолжително останува во добро загреани простории.

devojka-e-tolku-alergichna-na-zimata-shto-neretko-zavrshuva-vo-bolnica-04.jpg

Алергиската реакција ѝ започнува со најмали топчиња осип кои потоа се зголемуваат и на крај може да изгледа како целото тело да ѝ е отечено. Целата кожа ја гори и чеша. Ѝ се затвора и грлото и ако не добие медицинска помош може да биде фатално.

Симптомите ѝ се појавиле на 14-годишна возраст. Вели дека животот би ѝ бил полесен ако луѓето околу неа ја разберат нејзината состојба.

devojka-e-tolku-alergichna-na-zimata-shto-neretko-zavrshuva-vo-bolnica-08.jpg

devojka-e-tolku-alergichna-na-zimata-shto-neretko-zavrshuva-vo-bolnica-06.jpg

devojka-e-tolku-alergichna-na-zimata-shto-neretko-zavrshuva-vo-bolnica-05.jpg

devojka-e-tolku-alergichna-na-zimata-shto-neretko-zavrshuva-vo-bolnica-03.jpg

devojka-e-tolku-alergichna-na-zimata-shto-neretko-zavrshuva-vo-bolnica-02.jpg

Прочитајте и „Месечево дете“: Момче е толку алергично на сонце, што мора постојано да носи костим!

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто толку многу инфлуенсерки одат на терапија? На Инстаграм кај нив сè е розово, постојано се дотерани на разни забави, но во р...
Перница против ‘рчење, перница против киселини: Дали навистина функцио... На пазарот се нудат перници со најразлични форми и функционалнисти и има толку г...
Јадам, значи постојам - Како да си го промените односот кон храната и ... Замислете дека јадењето е толку едноставно како полнењето на автомобилот со гори...