11 „факти“ за стресот во кои не би требало да верувате

Стресот е ист кај сите

Како и сите ментални проблеми, стресот не се манифестира исто кај секој.

Без разлика дали сте загрижени за пари, кариера, врски или обично излегување, вие, како и сите останати, имате уникатни „активирачи“ на стресот.

Истовремено, секој реагира на стресот на различен начин – некои луѓе стануваат емотивни, некои гневни, а кај некои се јавува комбинација од двете.

11-fakti-za-stresot-vo-koi-treba-da-prestanete-da-veruvate-05.JPG

Стресот е одличен мотиватор

Сигурно досега сте слушнале дека стресот е одличен начин да се мотивирате. Но, наводно, мотивацијата од стресот е само привремена.

Според некои истражувања, најдобрите мотиватор се внатрешните фактори, како желбата за успех, а не надворешните, како стресот.

Поставувањето цели, правењето план за нивно постигнување и „туркањето“ да ја постигнете целта се одлични мотиватори, но се сосема поразлични од стресот.

11-fakti-za-stresot-vo-koi-treba-da-prestanete-da-veruvate-06.JPG

Стресот е добар за вас

Благиот стрес во одредени ситуации навистина може да биде добар за вас. На пример, доколку треба да држите говор, благиот стрес ќе ви даде енергија и ќе ве направи повнимателни.

Но, кога стресот станува хроничен и почнува да влијаат врз вашиот живот, време е да побарате помош.

Стресот е неизбежен

Факт е дека сè во животот е непредвидливо, но ова не значи дека сме осудени на стрес само затоа што сме живи.

Ова значи дека ако научите како да се справувате со стресните и непредвидливите ситуации, така што ќе немаат големо влијание врз вас, можете речиси целосно да го избегнете стресот.

11-fakti-za-stresot-vo-koi-treba-da-prestanete-da-veruvate-07.JPG

Стресот е избор

Одредени животни избори можат да бидат причина за стрес, но ова не значи дека стресот бил вашиот избор.

Доколку сте под стрес, немојте да се обвинувате самите. Подобро најдете што е причината за вашата состојба и почнете да работите на тоа.

Стресот не може да се лекува

Вистина е дека нема универзален лек за стресот. Истовремено, доколку страдате од хроничен стрес, можеби ќе ви треба подолго да закрепнете. Но, дури и луѓето со хроничен стрес можат повторно да застанат на нозе.

Доколку чувствувате дека стресот има навистина лошо влијание врз вашиот живот, добро би било да се консултирате со експерт. Нема ништо срамно во тоа да побарате помош - како што одите на лекар за настинка или грип, можете да одите и кај терапевт за проблеми со менталното здравје. 

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg