11 „факти“ за стресот во кои не би требало да верувате

Очигледно, луѓето знаат многу малку за стресот. Проблемот е што со ова незнаење, си го загрозуваат сопственото здравје.

11-fakti-za-stresot-vo-koi-treba-da-prestanete-da-veruvate-01.JPG

Колку честа појава е стресот, колку опасен може да биде и дали сами можете да се справите со него се само некои од работите за кои луѓето имаат малку познавање.

Зборот „стрес“ често се спомнува во секојдневниот разговор, но ретко кога помислуваме дека може да биде сериозен здравствен проблем. И всушност, луѓето се изложени на многу повеќе стресот отколку што мислат.

Истражување од 2019-та покажало дека иако нивото на стрес се нема променето изминативе неколку години, Американците чувствувале стрес за повеќе работи за разлика од минатото. Ова веројатно важи за луѓето во сите развиени држави.

Притоа, дури половина од испитаниците изјавиле дека би сакале некаков вид поддршка во секојдневието.

Затоа, добро би било да знаете кои се „фактите“ за стресот во кои не би требало да верувате:

Ако го игнорирате стресот, ќе „си замине“

Многу луѓе веруваат дека ако го игнорираат стресот, тој сам по себе ќе исчезне. Но, ова е штетно и за физичкото, и за менталното здравје.

Интензивниот стрес некогаш може да биде причина дури и за проблеми со срцето, спиењето, расположението, а некогаш предизвикува и дебелеење.

Психологот Џесика Ролфинг Приор најдобро го опишала ова:

„Често им велам на моите пациенти дека потиснувањето на стресот е како да ставате вода во картонска кутија – кога-тогаш ќе истече.“

11-fakti-za-stresot-vo-koi-treba-da-prestanete-da-veruvate-02.JPG

Можете да го надминете стресот само со вашата волја

Ако некому сте се пожалиле за стресот што го чувствувате, голема е веројатноста дека ве „утешил“ со зборовите „Прибери се“ или „Заборави на тоа“.

Но, стресот не е нешто што можете да го заборавите.

Мора да најдете здрави начини за справување со стресот, но и да направите некои животи промени со кои ќе го намалите нивото на стрес.

Стресот е само во вашата глава

Друга голема заблуда за стресот е дека има влијание само врз менталното здравје.

Стресот е тесно поврзан со менталното здравје на два начина – може да ги влоши постоечките ментални проблеми, или да биде предизвикан од веќе постоечки ментални проблеми, како анксиозност или депресија. Но, како ова да не е доволно, стресот влијае и врз физичкото здравје.

Болка во мускулите, вртоглавица, „ѕвонење“ во ушите, нервозно тресење – сето ова се симптоми што можат да бидат предизвикани од интензивен стрес.

11-fakti-za-stresot-vo-koi-treba-da-prestanete-da-veruvate-03.JPG

Можете да го одложите справувањето со стресот

Стресот нема да чека. Ако не најдете начин веднаш да се справите со него, тој само ќе се влошува.

Како што напоменавме, важно е да ги направите потребните животни промени кои ќе го направат животот помалку стресен, а секогаш кога ќе почувствувате дека сте под многу стрес, што е можно побрзо тргнете се од стресната ситуација и обидете се да се релаксирате.

Стресот нема влијание врз мисловниот процес

Луѓето дефинитивно го потценуваат влијанието на стресот.

Иако стресот не е психијатриска дијагноза, може да предизвика искривено или параноично размислување, особено кај личности склони кон ментални нарушувања.

11-fakti-za-stresot-vo-koi-treba-da-prestanete-da-veruvate-04.jp.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg