Како да се заштитите, кои се статистиките и мерките во Македонија - Сѐ што треба да знаете за корона вирусот

Корона вирусот зема огромен замав, се прошири низ речиси сите земји во светот, а нашата не е исклучок. Иако секојдневно ги слушате информациите и советите, не е лошо повторно и повторно да се потсетуваме на нив со цел да се спречи ширењето, да се подигне свеста и што побрзо да заврши оваа ситуација.

kako-da-se-zashtitite-koi-se-statistikite-i-merkite-vo-makedonija-s-shto-treba-da-znaete-za-korona-virusot-01.jpg

Новиот коронавирус (SARS-CoV2) е нов вид на коронавирус за првпат се појави во Вухан, Кина, на крајот од 2019-та. Дотогаш истиот претходно не бил идентификуван кај луѓето, па СЗО веднаш била информирана за случаите кај кои е пронајден вирусот кој предизвикува заболување наречено COVID-19.

Полека, случаите на заразени пациенти со корона вирусот се проширија и во други земји, а вториот епицентар на заразата беше Италија, каде ситуацијата уште е лоша и медицинскиот персонал лавовски се бори со големиот број случаи.

До 05.04.2020 состојбата во Италија е следна:

Вкупно случаи: 128.948
Активни: 91.246
Излечени: 21.815
Смртни случаи: 15.887

Иако состојбата во Италија е страотна, за што многумина велат дека се самите виновни, според сведовштвата на оние кои живеат таму и апелираат сите да ги почитуваат мерките, бидејќи тоа била нивната најголема грешка, сепак охрабрувачки е фактот дека во Кина, првичното жариште на вирусот, бројката на заразени се намалува, а на излечени се зголемува.

Додека многумина ова сценарио го замислуваа како филмско, и велеа дека нема да дојде кај нас, за жал – дојде, а граѓаните мора да ја сфатат сериозно ситуацијата.

Што се однесува до Македонија, до 05.04.2020, состојбата е следна:

Вкупно случаи: 555
Активни случаи: 514
Излечени: 23
Смртни случаи: 18

Дистрибуција на заболените од COVID-19 во Македонија според возрасна група (23.03.2020):

kako-da-se-zashtitite-koi-se-statistikite-i-merkite-vo-makedonija-s-shto-treba-da-znaete-za-korona-virusot-09.pngФото: Институт за јавно здравје

Она што е најважно е да не се создава неразумна и непотребна паника, туку да се почитуваат строго препораките за заштита и мерките кои ги порачува Министерството за здравство, со цел да се спречи ширење, да се спречи брз пораст на бројот на случаи и да се овозможи полесно справување со ситуацијата од страна на здравствениот систем, на начин на кој ќе ја намалиме кривата.

kako-da-se-zashtitite-koi-se-statistikite-i-merkite-vo-makedonija-s-shto-treba-da-znaete-za-korona-virusot-12.jpg

Препораки за заштита од заболување:

1. Личната хигиена е на прво место – редовно мијте ги рацете, со сапун и вода, темелно, минимум 30 секунди, опфаќајќи ги сите делови од дланката, прстите и зглобовите.

2.
Користете средства за дезинфекција на рацете, но и на просторијата во која се наоѓате секојдневно и редовно дезинфицирајте ги површините.

3.
Придржувајте се до препораките за максимално социјално дистанцирање, избегнувајте контакт со луѓе и останете дома во домашна изолација.

4.
Избегнувајте контакт со болни лица или со луѓе кои се вратиле од патување од земја со висок или среден ризик.

5.
При кашлање и кивање, покријте ги носот и устата со марамче кое веднаш потоа ќе го фрлите, а доколку немате, покријте ги со рака свиткана во лактот.

6.
Кога одите во маркет, одржувајте растојание од 2 метри со останатите луѓе во околината, не се задржувајте премногу во затворена просторија и кога ќе се вратите – измијте се и дезинфицирајте се.

7.
Седењето дома сфатете го како моќна заштита на вас, вашите најблиски и на целокупното население, а наместо да очајувате, пронајдете ги сите активности кои може да ги правите од дома, а со денешната технологија, може редовно да комуницирате со вашите сакани виртуелно.

Симптоми на заболувањето:

Првичните и главни симптоми кои се јавуваат:

1. Висока температура и треска

2. Сува и тешка кашлица

3. Отежнато дишење

Други симптоми кои може да се појават:

Губење здив

- Болки во телото

kako-da-se-zashtitite-koi-se-statistikite-i-merkite-vo-makedonija-s-shto-treba-da-znaete-za-korona-virusot-08.png

Кај голем дел од пациентите може да се јави слаба клиничка слика, доколку се во добро целокупно здравје, па овие пациенти остануваат во домашна самоизолација на лекување, додека кај оние со потешка клиничка слика, се јавува потреба од хоспитализација.

Доколку забележите некои од овие симптоми кај вас, наместо сами да одите во болница, јавете се кај вашиот матичен лекар, опишете ги симптомите, одговорете на епидемиолошка анкета, па потоа тој ќе ве спроведе што понатаму. Повеќе информации ТУКА.

kako-da-se-zashtitite-koi-se-statistikite-i-merkite-vo-makedonija-s-shto-treba-da-znaete-za-korona-virusot-02.png

Според последните истражувања, кај граѓаните во Македонија полека се буди свеста за сериозноста на ситуацијата, но сепак има дел кој одбива целосно да се придржува до мерките за социјална дистанца, не сфаќајќи колку еден заразен човек може да наштети, што е совршено прикажано на следната илустрација:

kako-da-se-zashtitite-koi-se-statistikite-i-merkite-vo-makedonija-s-shto-treba-da-znaete-za-korona-virusot-07.jpg

Како се шири заразата кога не се почитуваат мерките vs. кога се почитуваат, повеќето работат од дома, избегнуваат социјални контакти и патувања:

kako-da-se-zashtitite-koi-se-statistikite-i-merkite-vo-makedonija-s-shto-treba-da-znaete-za-korona-virusot-08.gif

Сепак, воведени се посебни мерки за поголемо почитување на правилата, односно полициски час, а тие се следниве:

kako-da-se-zashtitite-koi-se-statistikite-i-merkite-vo-makedonija-s-shto-treba-da-znaete-za-korona-virusot-2-2.jpg

Прочитајте и Водич за заштита при излегување и влегување дома: Соберете ја косата, не носете накит

ТУКА може да ги погледнете сите мерки кои владата секојдневно ги носи на седниците.

Засега, најдобар начин да се заштитиме и да излеземе како победници од оваа битка, е да се придржуваме до мерките за заштита од заболување, да одржуваме хигиена и да останеме дома. 

За сите оние кои мислат дека е тешко да се седи дома, на нашиот сајт може да најдете бројни занимации и активности, како и предлози што може да правите во слободното време. 

Креативи кои ќе ве натераат да останете дома:

https://www.instagram.com/p/B9zZNlIHdAZ/

https://www.instagram.com/p/B972kYgFB0G/

https://www.instagram.com/p/B-Cpmp1HgbM/

На следната страна прочитајте ги сите предлози како да го поминувате времето дома и како да ја поткренете свеста за здравјето...



Би можело да ве интересира:

Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Како да препознаете дали вашето дете има крупни сипаници и како да му помогнете? Колку дена децата што имаат сипаници се заразни, како можете да му помогнете на ...
Зошто растат влакна на бенките и дали е опасно да ги отстраните? Како на другите делови од телото, влакната се нормална појава и на бенките. Тие ...
Зошто се јавува сезонскиот грип и како можете да се заштитите? Најчестите симптоми на сезонски грип се кашлица, треска и болки во телото. Повеќ...
Кои се симптомите на конго-кримската хеморагична треска и во кои држави, покрај Македонија, е присут... Периодов во Македонија се забележани три случаи на конго-кримска хеморагична тре...
Голема кашлица: Колку е опасна за деца и возрасни и како да се заштитите? Таканаречената голема кашлица е респираторна инфекција која најчесто се јавува к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg