Резултати од вториот бран на истражувањето за перцепциите на граѓаните на Македонија за корона вирусот

gi-poddrzhuvaat-merkite-a-zagrizhenosta-raste-rezultati-od-vtoriot-bran-na-istrazhuvanjeto-za-percepciite-na-gragjanite-na-makedonija-za-korona-virusot-01.jpg

СКОПЈЕ, 24. МАРТ 2020

Податоците добиени од вториот бран на истражувањето за перцепциите на граѓаните за корона вирусот, спроведено во периодот од 16ти до 20ти март, покажуваат зголемување на загриженоста на граѓаните.

Бројот на оние кои изразиле голема или многу голема загриженост дека лично, или член на нивното семејство, би се инфицирале од корона вирусот, се зголеми од 38% на 52%.

„Зголемувањето на бројот на заболени од корона вирусот во нашата земја ја зголемува загриженоста на граѓаните, па веќе секој втор наш сограѓанин е во голема мера или многу загрижен за сопственото здравје и здравјето на своите најблиски. Податоците укажуваат и на тоа дека и младите сериозно ја сфатиле работата, односно бројот на загрижени за себе и за своите блиски на возраст од 18-29 години се зголеми од 28% на 47%“, истакнуваат од агенцијата Ипсос.

Истражувањето покажува дека граѓаните сметаат дека надлежните институции продолжуваат навремено и добро ги информираат граѓаните за секојдневниот развој на ситуацијата, и продолжуваат со доброто справување со ситуацијата поврзана со корона вирусот.

„За разлика од првиот бран на истражувањето кога, според податоците, граѓаните ја перцепираа заканата од корона вирусот поголема за светот, отколку дома, во вториот бран на истражувањето граѓаните веќе согледуваат дека короната не е некаде далеку во светот, туку тука, кај нас, и претставува закана и за нашата земја “, истакнуваат од Ипсос.

Истражувањето беше спроведено во вид на телефонска анкета, на национално репрезентативен примерок од 500 граѓани на Република Северна Македонија, во периодот од 16 - 20ти март, 2020 година.

Деталите за истражувањето можете да ги најдете на фејсбук профилотили веб страницата на Ипсос.

Резултатите од првиот бран од истражувањето за перцецпцијата на граѓаните на Македонија за корона вирусот може да ги погледнете ТУКА.

Фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска: „Чекав ред во државна институција, се најдов во небрано и жена ми ‘тутна’ 50-денарк... „Чекам на шалтер. Носам само картичка, кеш во мене немам. Забележувам дека сите ...
Тијана Дапчевиќ со сопругот и синот на свадба во Скопје, друштво им правеа Тамара Тодевска и мајка и... „Сите сте убави и имате заразна насмевка“ – коментираат дел од следбениците на с...
Павле Камилоски направи мекици за синот Јосиф - цела вечер играше и пееше со гостите во познат скопс... Пејачот Павле Камилоски направи мекици за раѓањето на синот Јосиф и со многу при...
Кај нас летаа кровови, во Италија тече замрзната „река“ по улиците – По топлотниот бран, невреме во ... Кај нас од силниот ветер летаа кровови, улиците и подвозниците беа поплавени, а ...
Над 252 тони отпад собрани и селектирани во ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2023 - најмасовната еко-акција во земја... Во рамките на еколошката акција Генералка Викенд 2023, што од 12 до 14 мај по тр...
Миа Костова - смртта на баба ѝ, Агнеса Органџиева - злобните коментари за разводот: Што ги повредило... „Најсилно допре до мене смртта на баба ми пред неколку години. И бев свесна дека...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg