„Што и да сторам, џабе ми е“ - Таткото на Фросина Кулакова со траорни зборови за неа и казната затвор од 13 години
- Детали
- четврток, 19 март 2026
„Па, уште бараат и од Врховниот суд да им ја намали и онака ниската казна... Само 65% од максималната...“, се огласи Тодор Кулаков за затворската казна од 13 години за Васил, дечкото кој стави крај на животот на Фросина. Toдор посвети емотивни стихови за прерано изгубената ќерка.

Тодор Кулаков, таткото на Фросина Кулакова, се огласи на Фејсбук откако Врховниот суд го одби барањето за вонредно преиспитување на пресудата на Васил Јованов, кој на пешачки премин, минатата година во Скопје, ја прегази и усмрти Фросина Кулакова.

Казната од 13 години затвор не му беше скратена, но Тодор вели дека таа е прениска.
На неговиот Фејсбук профил разочарано напиша:
„Па, уште бараат и од Врховниот суд да им ја намали и онака ниската казна... Само 65% од максималната...“

А, денес, (19.03) ѝ посвети емотивни стихови на својата малечка:
„Б р а н о в и
Бранови од тага крадешкум се кријат зад секој агол,
зад секоја мисла, зад секој момент, зад секој окрет нагол...
Бранови од тага што те снема,
што и да сторам — џабе ми е...
После тебе ништо нема.
Само слики неми.
Живот што тече, а само спомени...
Бранови кришум, како крадци, се дебат,
одеднаш цел свет го плават...
И ридовите од конфузија ги преливаат...
Темно, мрачно бесконечие - непребол
и грч што те витка.
И секој бран носи исто чувство:
твоето отсуство.
Не викам.
Нема кому.
Гласот овде не вреди.
Разумот, пак, ич...
Сѐ се дави пред да излезе.
Бранови....
Како се дебат — да те потфатат...
Знаат како...
Не сум јас прв
удрен од ЗЛОТО...
