„Што и да сторам, џабе ми е“ - Таткото на Фросина Кулакова со траорни зборови за неа и казната затвор од 13 години
Ги знае тие патеки,
Ги знае слабите места.
Знае каде најмногу боли
и таму удира.
Без милост.
Без мера.
Не доаѓа со лице
и не му треба.
Не го гледаш.
Само го чувствуваш,
како тежина што расте,
како темнина што се шири
без да праша.
Та и кога ќе те оттурне под површината,
не е водата најстрашна,
туку тишината.

Таа што останува после ударот.
Таа што вели:
готово е.
И тогаш разбираш -
не се бориш да испливаш,
се бориш
да не исчезнеш...
Да има кој да жали бар...
Денот не носи ништо ново...
Ноќта — уште помалку...
Сѐ е исто.
Само болката ја менува длабочината.
И чекориш.
Не од што има пат,
туку затоа што стоењето
боли повеќе.
После тебе, мила Фросина,
остана само форма,
обиди неми.
Суштина нема.
Луѓе, улици, гласови...
како сенки што се движат
по навика...
Јас, без глас.
Бранот удира.
Витка.
И не престанува.
Никогаш...
Не затоа што мора...
Не мора,
Сака...
И нема море што прашува
што однело...
Само доаѓа.
И пак доаѓа“.

С. С. | Црнобело