Иван Јованов: „По операцијата 20 дена не можев збор да изговорам, имам психички проблеми“

„Ми беше шокантно, не можев телефонот да го отклучам, до толку немав сила. Имам проблем од време на време со кочење на одредени делови од телото. 20-тина дена ни збор не кажав. Моментално се соочувам со некои други проблеми, што ми се можеби психички, некои проблеми со нервите...“ - вели искрено Иван Јованов. 

ivan-jovanov-po-operacijata-20-dena-ne-mozhev-zbor-da-izgovoram-imam-psihichki-problemi-01.jpg

Иван Јованов, фронтменот на „Либеро бенд“, неодамна откри дека во февруари годинава имал втора операција на грлото, откако претходно бил на операција поради бениген тумор.

За CRNOBELO.com тој откри дека не му било лесно, но му била зачувана бојата на гласот и бил послушен во периодот на рехабилитација, иако ја изгубил кондицијата додека закрепнувал.

„Психички бев многу паднат овој пат поради фамилијата, детето и други планови, размислував што би било кога би било. Ама, полека се враќам и тоа ми е најбитно“ – рече искрено за CRNOBELO.com.

Тој се врати на настапите во живо, но сега во гостување во Бекстејџ, искрено открива колку сериозна била ситуацијата за него во периодот по операцијата, но и дека ден-денес има проблеми, веројатно поврзани со психата.

Во кратката најава за емисијата, тој вели:

„Ми беше шокантно, да, бидејќи не можев телефонот да го отклучам, до толку немав сила. Имам проблем од време на време со кочење на одредени делови од телото.

20-тина дена ни збор не кажам, само правев м-м-м. Моментално се соочувам со некои други проблеми, што ми се можеби психички, некои проблеми со нервите...“

За сопругата Ивана, пејачот вели дека му е најголема поддршка во што и да му е потребно, а заедно ја имаат ќеркичката Ниа, која во март наполни 2 години

ivan-jovanov-po-operacijata-20-dena-ne-mozhev-zbor-da-izgovoram-imam-psihichki-problemi-0.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Таско (29) за борбата со алкохолот: „Чист сум 8 месеци, си признав дека имам проблем и ги фрлив шиши... „Пиев 15 години. Секој втор ден, алкохолот ми беше сè - утеха, бегство, изговор....
Иван Јованов: „Оперирав грло во февруари и паднав психички - полека се враќам во посакуваната вокалн... „Не е лесно, целосно ми е изгубена вокалната кондиција, зашто јас си вежбав цел ...
Денес се празнува Св. Антониј, светецот кој штити од лудило и ѓаволот Денес, 30 јануари во православието се слави Св. Антониј Велики, светецот за кој ...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Иван Јованов ќе бил Кристина, Сузана Гавазова - Мери: Како требало да се викаат познатите Македонци? „За мене првин мислеле дека ќе бидам женско и татко ми имал желба да се викам Ка...
Тина Русева со искрена исповед: „Никогаш не сум била лигаво девојче - работам во McDonald's во Герма... „Работам од свои 15-16 години константно и си работам до ден денес. Имам ра...

Најчитани неделава