Резултати од истражување за перцепциите на граѓаните на Македонија за корона вирусот

67% од граѓаните изразуваат значителна загриженост за себе и своите блиски поради корона вирусот. 77% од испитаниците ја оценуваат заканата од корона вирусот за нашата земја како умерена и голема. Најголем дел од граѓаните се информираат од телевизиите (76%), а скоро половината од нив (49%) информации бараат и по социјалните мрежи.

istrazuvanje-za-percepciite-na-graganite-na-makedonija-za-korona-virusot-01.jpg

Повеќето од граѓаните (69%) ценат дека се многу добро или одлично информирани за корона вирусот. Ова го покажуваат податоците од последното национално репрезентативно истражување кое Ипсос го спроведе меѓу граѓаните на Македонија.

„Од податоците може да се заклучи дека граѓаните на Македонија во голема мера се чувствуваат информирани за ситуацијата. Телевизиите секако имаат примарна улога во информирањето на граѓаните, но користењето на неформалните начини на информирање, како социјалните мрежи, укажува дека е потребна зголемена лична одговорност при ширењето на информациите и нивната проверка со официјални извори. Само 16% од граѓаните се информираат од официјалните веб страници на надлежните институции (Институт за јавно здравство, Министерство за здравство, итн.), па одговорноста на сите фактори при информирањето треба да биде зголемена“, истакнува Ивица Соколовски, истражувач од агенцијата Ипсос.

Истражувањето укажува дека најранливата категорија граѓани, на возраст од 65+ години, се чувствуваат добро информирани за ситуацијата со корона вирусот. Но од друга страна, младата популација споделува најмала загриженост за себе и своите блиски, истовремено чувствувајќи се најмалку информирани.

42% од младите изјавиле дека се чувствуваат малку или воопшто не се чувствуваат загрижени за себе и своите блиски, со истовремено најнизок процент на испитаници кои изјавиле дека се чувствуваат многу добро или одлично информирани за корона вирусот.

„Пропишаните мерки и начините на кои надлежните институции се справуваат со кризата наидуваат на поддршка од граѓаните, а мал дел од нив изразуваат мислење дека мерките треба да бидат подрастични. Тоа што младата популација се издвојува според својата (помала) загриженост и својата (помала) информираност од корона вирусот, укажува на потребата на зголемена одговорност која младите треба да ја манифестираат во овие моменти. Но не само младите, туку сите сегменти на нашето општество“, потенцираат од Ипсос.

Истражувањето беше спроведено во вид на телефонска анкета, на национално репрезентативен примерок од 500 граѓани на Република Северна Македонија, во периодот од 13 - 15ти март, 2020 година.

Деталите за истражувањето можете да ги најдете на фејсбук профилот или веб страницата на Ипсос.

Би можело да ве интересира:

Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...
Позитива на денот! Македонка ги наслика Андреј, Тоше и Панчо: „Тие не се дел од минатото - тие се ве... „Оваа слика е мој начин да ви се поклонам. Не со зборови, туку со молитва во бој...
И Ксенија Николова објави фотка како се гушка самата себеси како дете: „Ти си најсилна кога е најтеш... „Ксенија, сакам да знаеш дека постои некој кој во една точка од животот сфати мн...
Снеже Велков: „Велигденските јајца се како луѓето - едни не попуштаат под притисок, други смрдат кор... „Лекции од велигденските јајца - има три вида. Едни, не попуштаат под прити...
Елвир Мекиќ: „Бев фан на Магија, со 57-ца стигнав во Радишани и заѕвонив на врата кај Јован за да ми... „Тогаш првпат во животот отидов во Радишани. Прашав каде живее Јован и ми ја пок...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...

Најчитани неделава