Снеже Велков: „Велигденските јајца се како луѓето - едни не попуштаат под притисок, други смрдат корнат“
- Детали
- среда, 15 април 2026
„Лекции од велигденските јајца - има три вида. Едни, не попуштаат под притисок. Колку повеќе ги удираш, толку повеќе држат. Со нив знаеш на што си. И убаво е да имаш такви покрај себе. Со нив и ти си појак. Макар имал и само еден“, вели Снеже во својата порака.

Водителката Снеже Велков на социјалните мрежи често споделува поезија, стихови излезени од нејзината душа, па преку метафора испраќа порака која се надева дека луѓето ќе ја слушнат и запомнат.
Овој пат, инспирирана од христијанскиот празник Велигден и јајцата во боја, кои се негов симбол, таа објави своја „лекција од велигденските јајца“, па вели дека тие се исти се како луѓето.

Нејзината порака гласи:
„Лекции од велигденските јајца - има три вида.
Едни, не попуштаат под притисок.
Колку повеќе ги удираш, толку повеќе држат.
Со нив знаеш на што си.
И убаво е да имаш такви покрај себе.
Со нив и ти си појак.
Макар имал и само еден.

Други – се кршат.
Кревки се… ама барем се вистински.
Е со нив треба поинаку.
За друго им е намената –
да ти ја нахранат душичката.

А третите… смрдат. Корнат.
На почеток мислиш – не е до нив.
Сигурно ти се причинува.
Гледаш – однадвор убави, сјајни…
па си викаш „ај не е тоа“.
Ама поминува време а "мирисот" не поминува.
Ги тргаш малку подалеку… ама не се одмирисува.
Само повеќе се шири.

И тука е лекцијата:
Не чекај да стане неподносливо
за да си признаеш дека тука "нешто смрди".
Значи: Не давај втора шанса
а нешто што на прва не мириса добро.
А. Ј. | Црнобело