Стефан Монев од Свети Николе е во карантин во Италија: „Македонците не смеат да ги повторат грешките на Италијанците“

„И тука во Италија на почетокот кога ги затворија училиштата, сите отидоа на скијање, кај баба, дедо и роднини, не правете ја истата грешка“, порачува 33-годишниот Стефан кој моментално е во домашен карантин во гратчето Мерано.

stefan-monev-od-sveti-nikole-e-vo-karantin-vo-italija-makedoncite-ne-smeat-da-gi-povtorat-greshkite-na-italijancite-01.jpg

Стефан Монев (33) од Свети Николе веќе години наназад живее и работи во гратчето Мерано во северниот дел на Италија.

Го прашавме каква е моменталната ситуација таму, со оглед на огромниот број на заболени од корона вирус во оваа држава.

За CRNOBELO.com тој пренесува дел од атмосферата:

„Живеам во Мерано (град во северниот дел на Италија, во областа Трентино-Алто Адиге).

Во оваа област ситуацијата не е толку лоша како во Ломбардија или Венето, но има позитивни случаи на заболени со корона вирус (мислам околу 100) и болниците работат со строг режим.

Болниците во Мерано, Випитено и Бресаноне кои се наоѓаат во оваа област се стационари за пациенти инфектирани со корона. Сите лекари, медицински сестри и други медицински работници се мобилизирани и работат нон стоп. Повикани се дури и тие што се во пензија, ако сакаат да помогнат.

Од денес сите ресторани, кафулиња, бутици, хотели, автосалони, механичарски салони, некои фабрики и слично се затворени.

Училиштата, универзитетите и градинките и детските игралишта се веќе една седмица затворени (најверојатно до 3-ти април, па ќе видиме за понатаму). Пред 2-3 дена ги затворија сите скијачки центри и спортски објекти во цела Италија.

Отворени се само супермаркетите, банките, пошта и аптеките. Може да се излегува само ако се има потреба од овие места и тоа до 18 часот. После 18 часот е тотална забрана.

Има исто така полициска контрола и ако некој не ги почитува наредбите казните се околу 250 евра, па и до казна затвор...

За сега луѓето доста ги почитуваат правилата и се надеваме на подобрување на ситуацијата.

Гледам дека и во Македонија ги затворија училишните установи. Важно е луѓето да останат што е можно повеќе дома, а не да одат на скијање, децата во игротеки и на гости кај роднините. Така беше и во Италија на почетокот кога ги затворија училиштата, сите отидоа на скијање, кај баба, дедо и роднини... Па, потоа требаше да се преземат по ригорозни мерки.

Ве молам почитувајте ги правилата и инструкциите што ви ги даваат, за да не настанат поголеми проблеми!“

Гратчето Мерано во карантин изгледа вака:

stefan-monev-od-sveti-nikole-e-vo-karantin-vo-italija-makedoncite-ne-smeat-da-gi-povtorat-greshkite-na-italijancite-02.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ги отпишавме децата од училиште за да патуваме низ светот – нè критикуваат, но овој начин на живот ... Пар од САД одлучил да го прекине формалното образование на своите деца за време ...
„Родив многу големо бебе: На 4 месеци тежи 10 килограми, ме критикуваат, но докторите ми велат дека ... Млада Мајка се соочи со критики откако го покажа своето 4-месечно бебе кое тежи ...
Застрашувачка сцена: Огромна лавина се движи кон скијачи во ски-центар во Италија (видео) На драматична снимка се гледа како се формира снежна лавина во ски центар во Ита...
Туристка ја разгневи јавноста: Зафати 8 лежалки на базен во Шпанија, па отиде на појадок со семејств... Туристка се соочи со критики за видеото од нејзиниот одмор во Шпанија. Таа се по...
Ги викаа „најубавиот италијански пар“ - По разводот тој откри дека покажувале лажна среќа на Инстагр... Раперот признава дека чувствува гадење кон својот минат живот, кога играл улога ...
Пет Италијанци загинале во подводна пештера на Малдиви – мајка и ќерка нуркале заедно, веројатно има... Петте туристи од Италија кои вчера загинаа во подводна пештера во Малдиви, споре...

Најчитани неделава