„Родив многу големо бебе: На 4 месеци тежи 10 килограми, ме критикуваат, но докторите ми велат дека е здраво“
- Детали
- сабота, 19 јули 2025
Млада Мајка се соочи со критики откако го покажа своето 4-месечно бебе кое тежи 10 килограми и има должина од околу 80 сантиметри. Некои велат дека му давала многу храна, но мајката истакнува дека е во одлична здравствена состојба и дека неговата тежина соодветствува со неговата должина.

Млада мајка од Оклахома стана ТикТок сензација откако го покажа своето бебе на социјалната мрежа.
21-годишанта Мејси Мугеле во февруари годинава го родила своето прво дете – синчето Ганер.
А, она што го прави Ганер посебен е неговата големина. На само четири месеци, Ганер тежи скоро 10 килограми.
Мејси го покажа синчето на ТикТок видео, но покрај коментарите дека бебето слатко, некои и ја критикуваат.
Некои велат дека бебето сигурно јадело повеќе од што треба, па дури и дека има дијабетес.
Но, Мејси вели дека детето е само големо и дека неговата тежина соодветствува со неговата должина од околу 80 сантиметри.
Иако е поголем од просечно бебе, Ганер сепак е во одлична здравствена состојба.
„Дури и кога бев бремена, секогаш беше поголем. И, сите околу мене ми велеа дека стомакот ми е многу поголем отколку на просечна бремена жена.
Кога отидов на ехо во 34-тата недела, ми кажаа дека е многу голем. Сепак, лекарите ми рекоа дека е здрав и дека, едноставно, некои жени само раѓаат поголеми бебиња.
Уште на вториот ден по породувањето јадеше повеќе од просечно бебе, но лекарите ме уверија дека е во ред кога ќе се земе предвид неговата големина“.
Мејси, која работи во медицинска лабораторија, вели дека била непријатно изненадена од негативните коментари на виралното видео.
Таа вели дека не ѝ е јасно како некој може да пишува навреди за мало бебе или, пак, да ја обвинува дека намерно му дава многу храна.
„За мене е тажно што луѓето кажуваат такви работи. Го објавив видеото бидејќи мислев дека е слатко, но не мислев дека луѓето можат да бидат толку ужасни.
Не знам како може да биде малтретирање да го хранам кога е гладен. Мислам дека малтретирање е да оставиш мало дете да гладува.
Како што ми кажа лекарот, иако е поголем од просечно бебе, тежината му е главно соодветна со неговата должина“.
Во коментари на виралното видео, други родители кои имале големи деца исто така велат дека е сосема нормално и дека некои бебиња се раѓаат поголеми.
Некои дури и се шегуваат дека нивните големи бебиња пораснале и во големи, високи деца, па цела плата им оди на храна.
„Син ми се роди многу голем и сега на 15 години има 193 сантиметри“.
„И јас имав големо бебе и сега е многу висок тинејџер. Мислам ќе треба да извадиме кредит за да можеме да му купиме храна“.
„И јас имав големо бебе. Но, сега, на 12 години, има 150 сантиметри и е најмалото дете во одделението“.
Погледнете го виралното видео:
@__macilynn 22.5lbs of pure muscle! #babytok #chunky #fyp #infant #momtok
♬ original sound - Netflix - Netflix
Спирова С. | Црнобело
