5 начини да ја претворите трпезаријата во пријатно катче, со малку пари

Главниот фокус нека ви биде на осветлувањето и текстилот (материјалите), а потоа со само неколку чекори, „здодевна“ трпезарија ќе стане вистински удобно место за уживање.

5-nachini-da-ja-pretvorite-trpezarijata-vo-prijatno-katche-so-malku-pari-01_copy.jpg

Поминувате многу време во трпезаријата, но понекогаш имате чувство како да ѝ недостига топлина, тоа едно нешто за таа да биде вистинско пријатно катче во кое ќе уживате со сите сетила.

За среќа, не треба да ја реновирате или да вложите многу пари за да го постигнете ефектот што го посакувате.

Доволно е само да смените неколку ситници (или една од нив) и впечатокот ќе биде сосема поинаков.

Експертите за ентериер имаат наколку совети како да го направите тоа, со малку пари:

Ставете чаршаф врз масата

Без оглед дали имате тркалезна или правоаголна трпезариска маса, таа ќе делува многу пошармантно доколку преку неа има чаршаф.

Чаршафот, може да е еднобоен, во коцки (како во старите времиња) или со дискретен дезен.

Но, факт е дека каков чаршаф и да изберете (освен можеби чисто бел), тоа ќе внесе топлина во просторијата.

Можете да одите и чекор подалеку, па да купите и платнени салфетки кои ќе ги користите или ќе им ги давате на гости, секојпат кога ќе јадете на трпезариската маса.

5-nachini-da-ja-pretvorite-trpezarijata-vo-prijatno-katche-so-malku-pari-02.jpg

Сменете ги завесите

Во многу трпезарии нема завеси - некои луѓе едноставно не се љубители на завеси.

Други пак, и по 20+ години ги имаат истите завеси во домот.

Ако се пронајдовте во ова, тогаш најверојатно е време да направите нешто и да ги смените завесите (или да си купите ако немате ништо на прозорците).

Завесите даваат топлина на просторијата.

Дебелите создаваат поинтимна атмосфера, тенките и проѕирни завеси, пак, дозволуваат просторот да е исполнет со светлина и визуелно го зголемуваат.

Според експертите за уредување, нема да згрешите ни со комбинација од дебели и тенки завеси - на пример едни од тул, други од сомот - па зависно од моменталното расположение може да се навлечени преку прозорците, тргнати на страна или комбинирани.

5-nachini-da-ja-pretvorite-trpezarijata-vo-prijatno-katche-so-malku-pari-03.jpg

Вистински избор на светилки како тајна на комфорот

Светлината игра голема улога во тоа дали некоја просторија ќе ви биде удобна или не.

Ако сакате да создадете пријатна, топла атмосфера, тогаш обрнете внимание на осветлувањето.

Ако имате само лустер над главата, тоа не е ни оддалеку доволно за трпезаријата да биде пријатна, напротив, ќе делува студено и стерилно.

Затоа додадете неколку светилки, поставени на ѕидовите од страна, некоја висока ламба што ќе ја поставите во еден од аглите, а не е на одмет да ставите и неколку украсни свеќи на трпезариската маса.

Потоа, можете да ги комбинирате светилките зависно од расположението.

Исто така, можете да ставите и светилки кои се регулираат со потенциомер, па да ја регулирате и јачината на светлината во трпезаријата.

5-nachini-da-ja-pretvorite-trpezarijata-vo-prijatno-katche-so-malku-pari-04.jpg

Ставете перничиња на столчињата

Додадете по едно платнено перниче на секое столче и веднаш ќе ја забележите разликата.

Освен што седењето ќе ви биде поудобно, кујната ќе делува потопло и поживо.

Можете да изберете едноставни, еднобојни перничиња, или со интересен дезен - според својот вкус и остатокот од ентериерот.

5-nachini-da-ja-pretvorite-trpezarijata-vo-prijatno-katche-so-malku-pari-05.jpg

Менувајте ги украсите зависно од сезоната

Секоја сезона е приказна за себе, па ако ја следите, ни вашиот дом ќе изгледа различно преку цела година.

Доколку можете, неколкупати во годината менувајте ги украсите - божиќни декорации околу Нова година, тикви кон крајот на есента, пилиња и јајца околу Велигден, лимони во лето, цветни украси на пролет...

Сето ова ќе придонесе за тоа трпезаријата постојано да делува како нова просторија и никогаш да не ви е здодевно кога седите во неа.

5-nachini-da-ja-pretvorite-trpezarijata-vo-prijatno-katche-so-malku-pari-06.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ја миете во машина и уште седум грешки што ја уништуваат нелепливата тава Никако немојте да користите метални лажици и слично кога готвите во нелеплива та...
Корисни трикови што ќе ви решат многу проблеми низ домот (и ќе ви заштедат време и пари) Со алатката за сечење јајца можете да исечете и печурки, а разните клучеви может...
Помалку очигледни грешки со микробранова печка кои можат да бидат и опасни Ако одмрзнувате месо, мора да бидете особено внимателни и да следите одредени че...
10 совети за чистење од експерти, кои ќе ви заштедат време и пари Мајонезот може да биде вистински спасител кога чистите - маслата што ги содржи с...
5 класични техники за да го направите домот пријатен, а ги користат дизајнерите Не мора секој празен простор во просторијата да биде пополнет, но важно е да има...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg