Корисни трикови што ќе ви решат многу проблеми низ домот (и ќе ви заштедат време и пари)
Можете да ги исчистите тешко достапните места меѓу копчињата на тастатурата со самолепливи мемо ливчиња.
За да не ви владее хаос во фиоката или шкафчето со слушалки, полнач и слично, можете да ги организирате во евтини кутии за очила.
За да не се одмотува ролната тоалетна (особено ако имате мачка која сака да си игра со неа), крајниот дел можете да го ставите во дупката во средината.
За да проверите дали јајцата се свежи, ставете ги во подлабок сад со вода.
Ако јајцето остане на дното, тогаш е свежо, а ако исплива нагоре, не треба да го користите. Ако малку се поткрене, но едниот дел му го допира дното, и тогаш е во ред да го изедете.
Ако имате повеќе клучеви и сите ви изгледаат слично, можете да ги одбележите со лак за нокти.
Спирова С. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:
8 лесни навики со кои домот ќе ви остане среден до следната генералка
Не купувајте непотребни работи и стекнете навика секогаш да ги враќате предметит...
Чести грешки со кои ги уништувате кујнските ножеви (и си го отежнувате готвењето)
Отворате кутии пратки со ножевите за храна, ги чувате на купче во фиока и забора...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет
Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
Нова лесна техника за фарбање велигденски јајца (ако немате друга опција)
Ако сакате да пробате нова техника или едноставно не сте се снабдиле со бои, има...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес
Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
Скриени места во домот што сигурно заборавате да ги исчистите
Кога последен пат сте ја исчистиле гумата на вратата од фрижидерот? А, шините на...
-->
