Ја миете во машина и уште седум грешки што ја уништуваат нелепливата тава
Никако немојте да користите метални лажици и слично кога готвите во нелеплива тава.

Нелепливите тави се генијален изум и се идеални за храна како палачинки и јајца.
Но, бидејќи квалитетните нелепливи тави знаат да бидат поскапи, треба да се потрудите да ви траат подолго
Дел од најчестите грешки со кои несвесно ги уништувате:
Користите метални лажици со нив
Никако немојте да користите метални лажици и слично кога готвите во нелеплива тава.
Металот многу лесно може да го изгребе нелепливиот слој, па тавата ќе биде неупотреблива.
Ги миете во машина за садови
Не е препорачливо да ги миете нелепливите тави во машина бидејќи средството за садови, заедно со жешката вода, со текот на времето може да им го оштети горниот слој.
Дури и ако на тавата е нагласено дека е безбедна за во машина, ќе ѝ го продолжите рокот ако ја миете рачно.
Најдобро е да ја исчистите со влажна крпа или хартиен бришач и да ја исплакнете.
Можете и да ја покиснете во млака вода 10-тина минути, а потоа да ја исчистите со мек сунѓер и многу малку средство за садови.
Препорачливо е веднаш да ја избришете за да не се оштети од влагата.
Ја загревате без масло
Никогаш немојте да ја загреваат тавата без во неа да има масло, путер или нешто слично бидејќи ќе се оштети горниот слој.
Од друга страна, за останатите тави кои немаат нелеплив слој е подобро да ги загреете малку, па потоа да ставите масло.
Готвите на многу висока температура
Нелепливите тави не треба да се користат на највисоката температура бидејќи и ова го оштетува заштитниот слој со текот на времето.
