Грешки поради кои не можете целосно да ги отстраните дамките на облеката (и ги правите поголеми)
Мешате разни средства за отстранување дамки
Никогаш не треба сами д мешате хемикалии бидејќи некогаш можете да направите опасно соединение.
Ова правило ваши и за средствата за отстранување дамки.
Ако не успеете со едно, исплакнете го (со ладна вода), па потоа пробајте со друго.
Користите многу од средството за отстранување дамки
Генерално, важно е да ја покриете целата дамка со средството, но немојте да претерувате.
Ако ставите премногу, може да ви биде тешко да го исплакнете, па дури и да ја уништите ткаенината.
Најбезбедно ви е да ги следите инструкциите на самата амбалажа.
Не ја чистите дамката веднаш
Колку побрзо реагирате, толку се поголеми шансите да ја исчистите дамката.
Ако ја оставите цел ден, може да се впие во ткаенината и да стане трајна.
Ова е особено важно ако е дамка од нешто со боја или масло.
Почнувате да ја чистите од средината
Ако почнете да ја чистите дамката од средината, постои поголем ризик да ја разнесете.
Секогаш почнувајте од краевите.
Спирова С. | Црнобело
