8 лесни навики со кои домот ќе ви остане среден до следната генералка
Не купувајте непотребни работи и стекнете навика секогаш да ги враќате предметите на нивното место, а наутро, штом ќе станете, веднаш наместете го креветот.

Не сте единствените ако постојано чистите, а дома секогаш е хаос.
И, нормално е ова да ве иритира, особено по напорен ден на работа кога последното нешто што сакате да правите е да миете садови или да диплите облека.
Но, домот може да ви остане среден до следната генералка ако промените некои навики:
Фрлете сè што не ви треба
Сигурно и самите го имате помислено ова бидејќи, реално, многуте непотребни предмети што ги трупаме се најчестата причина за неред.
Ослободете се од сите предмети што не сте ги употребиле долг период или знаете дека никогаш нема да ги употребите.
Ова важи за облека, садови, стари книги и украси кои немаат значење за вас…
Внимавајте кога купувате
Со апликациите како Temu, лесно е да купиме безброј работи кои не ни требаат, но сепак ќе ни зафаќаат простор и ќе прават неред.
Следниот пат кога сакате да купите нешто, без разлика од каде, добро размислете дали навистина ви треба, дали ќе го користите или на крај само ќе ви прави неред.
Ако имате простор за складирање, искористете го
Ако имате гаража, подрум, шпајз или каков било простор за складирање, искористете го максимално.
На пример, за да не ви владее хаос во гардероберот, во лето тргнете ја зимската облека, а во зима тргнете ја летната.
Генерално, работите што ги користите поретко ставете ги во местото за складирање за да не ви прават дополнителен неред.
Направете си ритуал за чистење
Ако секој ден одвоите 30-тина минути, домот постојано ќе ви биде среден.
Во овие 30 минути имате доволно време да измиете садови, да собере ѓубре и да ги средите масите во кујната и дневната. И, ова е сосема доволно за домот да изгледа средено.
