Грешки поради кои не можете целосно да ги отстраните дамките на облеката (и ги правите поголеми)
Ја плакнете дамката со жешка вода, ја триете и мешате средства за отстранување дамки.

Колку и да сме внимателни, кога-тогаш ќе извалкаме нешто со храна, крв, некој пијалак…
А, чистењето на ваквите дамки може да биде навистина мачно.
Ако никогаш не ви успева целосно да ги отстраните дамките, можеби правите некоја од следниве грешки:
Ја плакнете со жешка вода
Логично е да помислите дека жешката вода ќе ја раствори дамката и полесно ќе ја отстраните.
Но, жешката вода може да ги направи дамките трајни, особено ако имаат протеини како на пример од крв.
Ова не важи за буквално сите дамки, но за да бидете сигурни, секогаш е подобро да ја исплакнете со ладна вода.
Ја триете
Ако пробувате да ја отстраните дамката со триење, нема успеете бидејќи можете да ја направите и поголема.
Притоа, ќе ја втриете во ткаенината, па може да биде и потешко да ја отстраните.
Секогаш соберете го вишокот течност со тапкање.
Ја сушите ткаенината пред да ја отстраните дамката
Ако сте колку-толку сигурни дека дамката ќе се отстрани со перење, нормално е да ја ставите ткаенината во перална.
Но, ако дамката не е целосно отстранета откако ќе завршите со перење, никако немојте да ја ставате ткаенината во машина за сушење – топлината може да ја направи трајна.
Наместо тоа, пробајте да ја отстраните на друг начин и дури кога целосно ќе биде исчистена, тогаш исушете ја ткаенината.
