5 работи што секогаш мора да ги перете со жешка вода

Белите крпи, заедно со постелнината, се работи што секогаш треба да се перат со жешка вода. Во спротивно, нема да ги дезинфицирате и ќе почнат да мирисаат непријатно.

pet-raboti-shto-sekogash-mora-da-gi-perete-so-zheshka-voda01.jpg

Кога ќе купите ново парче облека (или постелнина, крпи или што било од ткаенина), важно е да обрнете внимание на инструкциите за перење.

Модерните машини за перење имаат безброј опции, на разни температури, па мали се шансите да уништите нешто.

Генерално, поголемиот дел парчиња е безбедно да ги перете на 20 до 40 степени Целзиусови за да се исчистат без да се оштетат.

Но некои работи мора да ги перете на висока температура, најдобро на 90 степени бидејќи им треба многу потемелно чистење.

Кои се тие?

Бели крпи

Ова е правило што повеќето веќе го почитуваат, но вреди да се нагласи.

Крпите впиваат влага, масти од нашето тело, како и бактерии повеќе од кое било парче облеа.

Жешката вода помага во елиминирањето на микроорганизмите што создаваат непријатен мирис, темелно ги чисти, а истовремено им ја враќа и моќта на апсорпцијата на крпите.

Ако ги исперете белите крпи на пониска температура тие можеби ќе изгледаат чисто и ќе мирисаат свежо, но постои можност на нив да останале бактерии кои ќе почнат да предизвикуваат непријатен мирис, но и проблеми со кожата.

pet-raboti-shto-sekogash-mora-da-gi-perete-so-zheshka-voda-02.JPG

Крпи, облека и постелнина на болна личност

Ако некој во семејството бил болен, препорачливо е облеката, постелнината и крпите што ги користел да ги исперете со жешка вода.

Високата температура ќе ги отстрани микроорганизмите, вклучувајќи ги бактериите, вирусите и паразитите, па шансите и некој друг да се разболи се значително намалени.

pet-raboti-shto-sekogash-mora-da-gi-perete-so-zheshka-voda-03.JPG

Играчки, ќебиња и креветчиња на миленици

Кога ги гризат играчките и ткаенините, милениците на нив остават бактерии.

Покрај тоа, обично овие работи се расфрлани на подот, па апсорбираат многу прашина и нечистотии.

Овде е и крзното од милениците кое може да навлезе длабоко во ткаенината.

Затоа важно е да ги перете овие работи со жешка вода, и тоа редовно.

Перете ги барем еднаш месечно, но ако сте во можност, перете ги на двете недели.

pet-raboti-shto-sekogash-mora-da-gi-perete-so-zheshka-voda-04.JPG

Крпи за чистење

Крпите што ги користите за прашина и сè останато е нешто што мора да го перете на температура од 90 степени Целзиусови.

Жешката вода е клучна за правилно да се дезинфицираат и да се отстранат сите нечистотии.

Исто така, препорачливо е да не ги перете со друга облека, туку одделно.

pet-raboti-shto-sekogash-mora-da-gi-perete-so-zheshka-voda-05.JPG

Постелнина

Додека спиеме, се потиме и на постелнината остануваат пот, мртви кожни клетки, како и масти.

Со текот на времето, сето ова се апсорбира ако немате навика да ја перете постелнината редовно, и тоа со жешка вода.

Жешката вода ефикасно ги разградува мастите, ја дезинфицира постелнината, но ги намалува и алергените на неа, како прашинските грини.

pet-raboti-shto-sekogash-mora-da-gi-perete-so-zheshka-voda-06.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
Скриени места во домот што сигурно заборавате да ги исчистите Кога последен пат сте ја исчистиле гумата на вратата од фрижидерот? А, шините на...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
8 работи кои треба да ги фрлите веднаш од дома, без жалење Дали наместо да го фрлите искористениот пластичен прибор, си го чувате „за да ви...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...

Најчитани неделава