Со мајонез и млеко: Како да ги негувате собните билки?

Собните растенија се совршен жив украс во ентериерот. Овојпат, ви откриваме неколку несекојдневни, но одлични совети како да ги одржувате здрави и со поубав изглед.

od-majonez-do-chaj-kako-da-gi-neguvate-sobnite-bilki-1.png

Сте знаеле ли дека мајонезот и чајот може да ги направат вашите домашни билки поздрави и поубави? Постојат бројни едноставни начини на кои со многу малку труд, а воопшто пари, можете да ги одгледувате вашите собни растенија како вистински експерти за хортикултура.

od-majonez-do-chaj-kako-da-gi-neguvate-sobnite-bilki-2.jpg

Најпрво, при одлучувањето каде да ја сместите билката, она што треба да имате на ум е дека низ прозорците кои се свртени кон југ допира многу повеќе светлина од оние кои се позиционирани кон север. На растенијата со светла боја на листовите им е потребно повеќе светлина од останатите, а ако секој ден ја свртувате саксијата за 180 степени, ќе им овозможите рамномерен раст од обете страни.

od-majonez-do-chaj-kako-da-gi-neguvate-sobnite-bilki-3.jpg

Доколку растенијата во вашиот дом се исушуваат брзо по наводнувањето, тогаш пресадете ги во нова саксија, а пред да додадете земја и ѓубриво, на дното од саксијата поставете влажен сунѓер. Ќе послужи како резерва на вода и ќе го спречи сушењето, но и протекувањето на водата од саксијата.

od-majonez-do-chaj-kako-da-gi-neguvate-sobnite-bilki-4.jpg

За растенијата да бидат што побујни и поубави, приредувајте им „чајанка“ одвреме-навреме. Да, чајот или влажните ливчиња од чаевите се одлична храна за билките и земјата, па доколку ги залевате повремено со чај, ќе им пружите вистинска витаминска инјекција.

od-majonez-do-chaj-kako-da-gi-neguvate-sobnite-bilki-5.jpg

Понатаму, немојте да ги фрлате остатоците од сода бикарбона и јајца. Минералите кои се содржани во содата го потпомагаат растот на зелените билки, а за најдобар ефект, потребно е да го користите овој трик еднаш неделно.

od-majonez-do-chaj-kako-da-gi-neguvate-sobnite-bilki-6.jpg

Што се однесува до јајцата, откако ќе ги сварите, не ја фрлајте водата во која сте ги подготвувале. Наместо тоа, залејте ги саксиите, бидејќи во оваа вода се содржани бројни хранливи материи што се корисни за растенијата.

od-majonez-do-chaj-kako-da-gi-neguvate-sobnite-bilki-7.jpg

Ако домот ви го красат големи билки кои се тешки за поместување, под саксијата поставете подлога за компјутерско глувче. На тој начин, ќе ги избегнете гребаниците и уништувањето на подот, а ќе можете и полесно да ги преместите билките за време на чистењето.

od-majonez-do-chaj-kako-da-gi-neguvate-sobnite-bilki-8.jpg

За совршен сјај на листовите, пак, најпрво помешајте топла вода и млеко. Потоа, натопете парче ткаенина во течноста и поминете го секој лист со неа. Покрај оваа комбинација, сјај на листовите можете да постигнете и со помош на мајонез, кој нежно се втрива на листот со хартиен бришач. Блескавиот сјај е загарантиран во наредните неколку недели, а можеби дури и месеци.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
5 работи што секогаш мора да ги перете со жешка вода Белите крпи, заедно со постелнината, се работи што секогаш треба да се перат со ...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
Трикови и совети што ќе ви решат многу проблеми во кујна Покријте ја кујнската вага со најлонска фолија за да не ја извалкате кога ја кор...
Како да ја „спасите“ пресолената супа и уште 7 корисни кујнски трикови Како да го спасите загорениот ориз или, пак, пресолената супа? А, како подобро д...

Најчитани неделава