Како најлесно да го проверите квалитетот на прашокот за перење?

Асортиманот на прашоци и течни детергенти за перење облека е огромен. Цената не е вистинското мерило за квалитетот, а понекогаш, не е лесно ниту самите да го одредите.

kako-najlesno-da-go-proverite-kvalitetot-na-prashokot-za-perenje-1_copy_copy.jpg

Дел од нив ги отстрануваат дамките, но оставаат траги на темната облека. Другите, пак, се помалку агресивни и наменети за перење на шарената облека, но повеќе ја „освежуваат“ облеката, а не секогаш ја отстрануваат нечистотијата.

Често сме во потрага по оној производ што ќе ги задоволи сите наши потреби. Поради тоа купуваме различни, ги тестираме, менуваме, но пак не сме задоволни.

Сепак, постои еден мошне едноставен трик за утврдување на квалитетот на прашокот за перење, но истиот може да се примени и за проверка на течните детергенти за облека.

kako-najlesno-da-go-proverite-kvalitetot-na-prashokot-za-perenje-2_copy.jpg

За да го проверите квалитетот на прашокот за перење, направете го следното:

Во чаша вода, растворете една кафена лажица од прашокот за перење. Потоа, во растворот додадете парче белка од тврдо варено јајце, оставете го така и почекајте да помине еден ден.

1. Ако по 24 часа белката е непроменета, тоа значи дека прашокот е со слаб квалитет.

2. Ако белката е омекната или веќе почнала да се раствора, овој прашок е соодветен за перење темна облека или помалку валкана облека.

3. Ако белката од јајцето целосно се растворила, тогаш таквиот прашок е идеален за перење бела облека и многу валкана облека.

kako-najlesno-da-go-proverite-kvalitetot-na-prashokot-za-perenje-3_copy.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
9 лесни трикови со кои ќе ја подобрите грижата за облеката Пеглата ви е валкана и остава дамки на облеката, немате доволно простор на сушар...
Рерна, загорено тенџере: Што сè можете да исчистите со таблети за машина за садови? Дали стаклото на вратата од рерната ви е премногу валкано за да видите кога е го...
9 работи кои ја нагрдуваат бањата (и гостите секогаш ги забележуваат) Ви се случило ли да влезете во бањата (своја или туѓа) и да не сакате да останет...
Како да го подобрите квалитетот на воздухот во домот (кога надвор е загадено)? Одржувајте ги подовите чисти, а особено ако имате теписи, зашто многу работи мож...
Едноставен трик со 2 состојки за најлесно да ги исчистите жолтите дамки од перниците Колку и да внимавате на хигиената, пожолтувањето на перниците е неизбежно. Но, з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg