Како да ги одржувате омилените антилоп чевли чисти? (видео)
Ви се случило ли некогаш првпат да ги облечете новите антилоп чевли и некој случајно да ве згази и да ги извалка? Болно...

Во моментот изгледа како да нема решение и да не може да се исчистат, но постои решение и за тоа.
Клучен елемент за одржување на ваков тип на чевли е четката која ќе ви помогне да ги отстраните дамките.
Затоа, инвестирајте во сет за одржување на чевлите, бидејќи се практични и корисни, а содржи спреј, четка и средства за полирање и заштита на кожата.
Ако антилоп кожата е погруба, потребно е да бидете многу нежни со четкањето.
Погледнете го видеото кое ја покажува цела постапка на чистење чевли од антилоп:
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Шест работи што никако не треба да ги чистите со средство за садови
Без разлика дали станува збор за чевли, јакна или, пак, гарнитура, кожата е мате...