Како зимските чевли да ви изгледаат како нови повеќе од една сезона?

Зимските чевли се создадени за да ни ги топлат нозете во ладните денови, но и да нѐ заштитат од влегување на дожд, снег и други работи кои ќе ни се најдат на патот.

kako-zimskite-chevli-da-vi-izgledaat-kako-novi-povekje-od-edna-sezona-01.jpg

Па, со оглед на тоа што со нив газиме на секакви места, тие брзо го губат својот оригинален изглед.

Доколку не сакате да се случува тоа, мора да се грижите и за нив соодветно, а за тоа постојат неколку едноставни трикови.

Професионалец кој работи за британски бренд за чевли, советува како тие да ви издржат повеќе од една зима:

Правилно чистење на чевлите

Дамки од сол на кожата: солта ја расипува бојата на кожата и ја уништува трајно. За да ја тргнете дамката додека не направила штета, измешајте ладна вода со оцет во еднаква количина, натопете крпа во растворот и избришете ги чевлите.

Дамки на превртена кожа: треба да се исчистат темелно со посебна четка која можете да ја побарате во големите продавници за чевли. За малите дамки можете да искористите и гума за бришење.

Чистење на вештачка кожа: истријте ги со крпа потопена во вода измешана со сапуница.

Колку повеќе се грижите редовно за чевлите и за секоја нивна дамка, толку подолго ќе ве служат. Ако оставите дамките да се сушат и таложат, тие побрзо ќе ја изгубат бојата, а доколку не ги чувате на соодветно место, ќе ја сменат и формата и функционалноста.

kako-zimskite-chevli-da-vi-izgledaat-kako-novi-povekje-od-edna-sezona-02.jpg

Сушете ги природно

Погрешно: Сушење на чевлите со помош на уреди за затоплување–материјалот ќе се исуши премногу брзо и постои можност за оставање вдлабнатини или дамки.

Правилно: Сушење на чевлите така што ќе ги наполните со хартија во внатрешноста, која ќе ја собере влажноста, а потоа ќе ја пребришете надворешната страна со сува крпа. Менувајте ја хартијата на 2 часа.

Идеално: Експертите препорачуваат користење на нелакирани дрвени влошки за чевли кои ќе ја апсорбираат влагата и чевлите нема да ја сменат формата кога ќе се исушат.

kako-zimskite-chevli-da-vi-izgledaat-kako-novi-povekje-od-edna-sezona-03.jpg

Штитете ги од времето

За да ги заштитите чевлите од лошо време, редовно навлажнувајте ги со посебна крема или восок.

Експертите препорачуваат и нанесување на водоотпорен спреј неколку часа пред да ги носите.

Носете ги редовно чевлите на чевлар доколку забележите мали оштетувања, за да го спречите целосното уништување.

kako-zimskite-chevli-da-vi-izgledaat-kako-novi-povekje-od-edna-sezona-04.jpg

Полирање

На кожените чевли им е потребно полирање, а експертот вели дека негата на чевлите треба да биде на исто ниво како и негата на вашата кожа на телото.

Колку повеќе ги полирате кожените чевли, толку ќе бидат позаштитени од несакани последици.

Кремите ја прават кожата помека и флексибилна, а восокот ја заштитува од влага.

kako-zimskite-chevli-da-vi-izgledaat-kako-novi-povekje-od-edna-sezona-05.jpg

Мали корекции

Гребаницте може да се прикријат со помош на маслиново масло – натопете крпа во маслото и пребришете ги оштетените делови.

Триењето не остава траги ако бришете со сода. Натопете крпа во вода, а потоа нанесете малку сода на неа и пребришете ги оштетените делови.

Гребаниците и дамките на штиклата, поминувајте ги со вазелин.

kako-zimskite-chevli-da-vi-izgledaat-kako-novi-povekje-od-edna-sezona-06.jpg

Ова е сè што можете да направите сами за да ги заштитите чевлите, но доколку дојде до поголемо оштетување, не експериментирајте и однесете ги кај професионалец.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предмети во домот кои е препорачливо да ги заменувате со нови еднаш годишно Завесата во бањата е совршено место за развој на мувла и бактерии, дури и ако ре...
Мраз за чевлите, оцет за бојата на фармерките - Трикови за беспрекорен изглед на гардеробата Со пегла за коса можете набрзина да ја испеглате јаката на кошулата, а гумата за...
Цвеќарски трикови за природните букети да ви траат подолго и да изгледаат раскошно Знаевте ли дека букетот со свежо цвеќе оставен во близина на чинија со овошје ќе...
Работи што ги имате дома кои е препорачливо да ги менувате со нови еднаш годишно Пластични садови за храна, завеса во бања и четка за коса – некои предмети во до...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg