Трикови кои ќе ве спасат во различни ситуации, а сè што ви е потребно за нив имате дома


Трикови кои ќе ве спасат во различни ситуации, а сè што ви е потребно за нив имате дома

Најголем дел од нас, се научени да ги користат предметите само за нивната примарна функција.

trikovi-koi-kje-ve-spasat-vo-razlichni-situacii-a-se-shto-vi-e-potrebno-za-niv-imate-doma-01.jpg

Но, многу продукти имаат повеќе намени покрај основната, и може да ви бидат спас во различни ситуации.

На пример, копчињата не служат само за да ја држат облеката затворена, цевките не се само за омилените пијалаци, а силиконските гелови кои ги добивате во многу нови купени работи, имаат повеќе функции.

Доколку не верувате, следните трикови ќе ве разубедат во тоа, па добро запомнете ги и применете некој од нив.

Генијални трикови кои ќе ве спасат во различни секојдневни ситуации:

1. За стаклата во автомобилот да не се замаглуваат, ставете ги покрај шофершајбната малечките пакетчиња силиконски гел кои ги собирате со секој купен пар чевли.

trikovi-koi-kje-ve-spasat-vo-razlichni-situacii-a-se-shto-vi-e-potrebno-za-niv-imate-doma-02.jpg

2. За да се ослободите од влагата во спортските торби, исто така може да ги искористите пакетчињата силиконски гел кои ќе ја апсорбираат влагата и ќе го отстранат непријатниот мирис.

trikovi-koi-kje-ve-spasat-vo-razlichni-situacii-a-se-shto-vi-e-potrebno-za-niv-imate-doma-0.jpg

3. За да не ви се губат обетките, закачувајте го секој пар на дупчињата од различни копчиња кои не ги користите.

trikovi-koi-kje-ve-spasat-vo-razlichni-situacii-a-se-shto-vi-e-potrebno-za-niv-imate-doma-04.jpg

4. Мрежите во кои се продаваат овошје и зеленчук може да ви послужи за чистење на металните садови без да ги изгребете.

trikovi-koi-kje-ve-spasat-vo-razlichni-situacii-a-se-shto-vi-e-potrebno-za-niv-imate-doma-05.jpg

5. Кутиите во кои се продаваат марамчиња, наместо да ги фрлите, искористете ги за чување мали кеси.

trikovi-koi-kje-ve-spasat-vo-razlichni-situacii-a-se-shto-vi-e-potrebno-za-niv-imate-doma-06.jpg

6. Со помош на канцелариски штипки може да спречите лизгање на шишињата и лименките во фрижидер, така што ќе ја закачите на полица и покрај неа ќе редите.

trikovi-koi-kje-ve-spasat-vo-razlichni-situacii-a-se-shto-vi-e-potrebno-za-niv-imate-doma-07.jpg

7. За свеќите да не ви ја уништат масата и за поубав изглед, може да искористите силиконски калапи за печење како подлога.

trikovi-koi-kje-ve-spasat-vo-razlichni-situacii-a-se-shto-vi-e-potrebno-za-niv-imate-doma-08.jpg

8. За облеката која собира електрицитет да не се лепи за телото, ставете голема метална спојувалка на внатрешниот дел.

trikovi-koi-kje-ve-spasat-vo-razlichni-situacii-a-se-shto-vi-e-potrebno-za-niv-imate-doma-09.jpg

9. За попријатен мирис во домот, ставете во еден сад цели зрна кафе, а одозгора запалете свеќичка, чија топлина врз кафето ќе рашири пријатна арома.

trikovi-koi-kje-ve-spasat-vo-razlichni-situacii-a-se-shto-vi-e-potrebno-za-niv-imate-doma-10.jpg

10. За да ги пресечете тврдо варените јајца побрзо искористете решетка за печење и притиснете ги сите одеднаш.

trikovi-koi-kje-ve-spasat-vo-razlichni-situacii-a-se-shto-vi-e-potrebno-za-niv-imate-doma-11.jpg

trikovi-koi-kje-ve-spasat-vo-razlichni-situacii-a-se-shto-vi-e-potrebno-za-niv-imate-doma-11.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 трикови со кои ќе ги поправите фармерките што ја изгубиле формата Сите сме се нашле во ситуација кога омилените фармерки ќе се рашират од носење и...
4 трикови со кои свеќите ќе ви траат подолго Свеќите се украс во домот кој има и естетска, и практична намена. Различните бои...
Како да ја исчистите кожената јакна дома? Кожената јакна е модно парче кое може да се носи речиси во секоја сезона и во мн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg