Како да бојадисате јајца со природни состојки без употреба на хемиски бои?

Можеби нема да успеете да купите готови бои во ќесички за бојадисување јајца, а можеби едноставно преферирате малку поприродни методи за овој процес.

Kako-da-bojadisate-jajca-so-prirodni-boi-01.jpg

Во секој случај, доколку се решите за втората варијанта, добрата вест е што многу од „боилата“ потребни за шарени јајца веројатно веќе ги имате во домот.

Со што може да ги обоите јајцата природно?

  • Виолетова зелка – Сина боја
  • Цвекло – Виолетова/Розова боја
  • Лушпа од жолт кромид – Жолта/Портокалова боја
  • Лушпи од црвен кромид – Црвена/Лаванда боја
  • Спанаќ – Зелена боја
  • Куркума – Жолта/Портокалова боја
  • Чај од хибискус - Лаванда боја
  • Кафе – Кафеава боја

Kako-da-bojadisate-jajca-so-prirodni-boi (1).jpg

Kako-da-bojadisate-jajca-so-prirodni-boi (9).jpg

*Нагласуваме дека ова е само дел од списокот на можности за природно бојадисување на велигденските јајца. Боите коишто ќе ги добиете, односно нијансите може да варираат. Тие зависат од самата боја на јајцето, како и концентрацијата на боја што ќе ја направите и колку време јајцето ќе отстои во неа. Во секој случај, забавен експерименти.

Начин на природно бојадисување:

1. Сварете ги јајцата (тврдо варени, околу 10-12 минути) и оставете ги настрана да се оладат.

2. Ставете 1 шолја од одбраниот зеленчук или 2 лажици од чајот или зачинот со кој ќе ги бојадисувате јајцата и помешајте со 1 шолја вода во подлабоко тенџере.

Kako-da-bojadisate-jajca-so-prirodni-boi (3).jpg

3. Нека зоврие смесата и оставете да врие 30-45 минути, додека состојките не пуштат боја. Оставете ја бојата нека се олади, процедете и ставете ја во чиста тегла.

Kako-da-bojadisate-jajca-so-prirodni-boi (2).jpg

4. Додадете 2 лажици бел оцет во бојата и промешајте.

5. Ставете 1-2 јајца во теглата и внимавајте течноста целосно да ги покрива јајцата. Оставете ги јајцата од еден до 24 часа, проверувајќи ја добиената нијанса. Кога ќе видите нијанса што ви се допаѓа слободно извадете го јајцето од теглата и оставете го да се исуши.

Kako-da-bojadisate-jajca-so-prirodni-boi (4).jpg

Kako-da-bojadisate-jajca-so-prirodni-boi (5).jpg

Kako-da-bojadisate-jajca-so-prirodni-boi (6).jpg

Kako-da-bojadisate-jajca-so-prirodni-boi (7).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
10 ситници во бањата кои прават да изгледа валкано и неуредно Ако ставите крпи со иста боја, ги средите каблите од пеглата за коса и сличните ...
Корисни трикови како да ги измерите состојките „од око“ (а да се точни) Ви се случило ли кога готвите да ставате состојки „од око“? Но, што ако рецептат...
10 корисни кујнски трикови што треба да ги знаат сите домаќини и домаќинки Како да омекнете кристализиран мед, како магдоносот да ви трае подолго и како да...
Како да ја „спасите“ овенатата марула и уште 9 корисни кујнски трикови Како најлесно да ги исечете печурките, но и како да ја „спасите“ овенатата краст...
9 лесни трикови со кои ќе ја подобрите грижата за облеката Пеглата ви е валкана и остава дамки на облеката, немате доволно простор на сушар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg