7 трикови како (конечно) да го средите хаосот во кујната
Шишенцата зачини наредете ги во тава за лесно да можете да ги вадите и враќате во шкафчето.

Организирањето на кујната може да биде предизвик, особено ако на располагање имате мал простор.
Неколку трикови што сигурно ќе ви решат многу проблеми во организирањето на кујната:
Чувајте ги фолијата и хартија на фрижидерот
Хартијата за печење и алуминиумската фолија можете да ги закачите на фрижидерот со најобични магнети.
Вака нема да ви зафаќаат простор, а секогаш ќе би бидат при рака.
Сувите намирници ставете ги во стаклени садови
За да немате куп ќесички од отворен ориз, грав и други слични продукти кои лесно се истураат, ставете ги во добро затворени стаклени садови.
На овој начин ќе ви биде многу полесно да ги организирате, ќе ви прават помалку неред, но и ќе ги заштитите од влага и молци.
Закачалки за екстра простор
Малите закачалки со налепница можат да ви се најдат за многу работи.
На пример, можете да ги залепите на некои апарати за на нив да стојат каблите.
Можете да ги ставите и внатре во шкафчињата, па да добиете екстра простор за предметите што може да се закачат.
Организирајте ги зачините во тава
Ако шишенцата зачини ви стојат во шкафчињата, можете да ги ставите во тава, па ќе ви биде полесно да ги вадите сите одеднаш.
Организирајте ја храната во замрзнувачот
Замрзнатата храна која е во кеси можете да ја организирате во обична пластична кутија.
Вака ќе ви зафаќа помалку место и помали се шансите да се отвори и истури.
Картон за јајца како организер во фрижидерот
Ако имате навика да ги чувате сосовите свртени наопаку, особено кога се при крај, сигурно ќе ви се најде картонот за јајца.
Ставете го на вратата и наредете ги сосовите како на фотката.
И држачот за сунѓер може да има иста намена
За малите сосови кои обично ги собираме од храната што сме ја нарачале, може да ви користи држач за сунѓер.
Само закачете го во фрижидерот и во него ставете ги сосовите.
Спирова С. | Црнобело
