За моментите кога немате омекнувач дома – лесен „направи сам“ производ за мека и мирислива облека
Сигурно може да се пронајдете во оваа ситуација – штотуку ја наполнивте машината со валкани алишта, е немате капка омекнувач. Без грижа, постои лесен и едноставен „рецепт“ како да се снајдете. Облеката ќе биде мека и мирислива.

Потребно ви е:
- 6 шолји вода
- 3 шолји бел оцет
- 2 шолји регенератор за коса
Добро помешајте ги сите состојки и складирајте го вашиот нов омекнувач во тегла со капаче што добро се затвора.
Внимавајте да не ги мешате состојките премногу брзо, со цел да не се направи пена. Мешајте нежно и полека додека не добиете еднолична смеса.
Употребете иста количина како и нормален омекнувач. Вашата облека ќе биде неверојатно мека и ќе мириса прекрасно.
(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Нова лесна техника за фарбање велигденски јајца (ако немате друга опција)
Ако сакате да пробате нова техника или едноставно не сте се снабдиле со бои, има...
Пет работи кои не треба да ги чувате во шкафчето под кујнскиот мијалник
Ако имате деца, никако немојте да чувате силни хемикалии во шкафчето под мијални...