Како да добиете нежни, пастелни велигденски јајца?

Нежните, пастелни бои ни се омилени секоја пролет, а кога ќе дојде време за вапцање на јајцата, се обидуваме да ги пренесеме на празничната трпеза.

kako-da-dobiete-nezni-pastelni-veligdenski-jajca-02.jpg

Ви откриваме начин на кој без бои за јајца може да добиете прекрасни, пастелни нијанси.

Ви требаат само прехрамбени бои за колачи.

За оваа постапка најдобро е да користите бели јајца, бидејќи темните лушпи ја менуваат бојата.

kako-da-dobiete-nezni-pastelni-veligdenski-jajca-03.jpg

Постапка:

Саканиот број на јајца ставете ги во тенџере, прелијте со ладна вода, посолете и варете на вообичаен начин. Кога ќе се сварат, јајцата извадете ги од водата и оставете ги целосно да се оладат.

Подгответе неколку шолји со вода, во кои ќе капнете од прехрамбената боја.

Соодносот е следен: 200ml вода, 1 лажица оцет и 1 лажица од бојата за колачи.

kako-da-dobiete-nezni-pastelni-veligdenski-jajca-01.jpg

Добро промешајте и во течноста ставајте по 1 јајце. Држете го потопено додека не ја постигнете саканата нијанса.

Извадете ги јајцата за целосно да се исушат, па ако сакате потоа може да ги премачкате со малку масло на памукче или крпа.

kako-da-dobiete-nezni-pastelni-veligdenski-jajca-04.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
Нова лесна техника за фарбање велигденски јајца (ако немате друга опција) Ако сакате да пробате нова техника или едноставно не сте се снабдиле со бои, има...
5 работи што секогаш мора да ги перете со жешка вода Белите крпи, заедно со постелнината, се работи што секогаш треба да се перат со ...
Трикови и совети што ќе ви решат многу проблеми во кујна Покријте ја кујнската вага со најлонска фолија за да не ја извалкате кога ја кор...
Како да ја „спасите“ пресолената супа и уште 7 корисни кујнски трикови Како да го спасите загорениот ориз или, пак, пресолената супа? А, како подобро д...

Најчитани неделава