Велигденски трик: Како да ги избелите жолтите јајца при варењето, со само две состојки? (видео)

За црвена боја потребни се жолти јајца, но ако ги бојадисувате во пастелни бои тогаш ви требаат бели јајца. Како да ги избелите жолтите јајца само со една состојка при варењето и да ги подготвите за боење во пастелни бои?

kako-da-gi-izbelite-zholtite-jajca-pri-varenjeto-so-samo-edna-sostojka-video-01.jpg

Некои бои за јајца (како пастелните) се препорачува да ги користите само на бели јајца, а некои бои (како црвената „бакам“ боја) е подобро да ги користите со жолти.

Што да правите доколку сте купиле само жолти јајца и пастелни бои?

За среќа, има начин како да ги избелите жолтите јајца без да мора да купувате дополнително нова кутија.

Српската блогерка Јелкена Коцмановиќ на својот Инстаграм профил објави интересен трик за тоа како да ги избелите жолтите јајца додека ги варите и да ги подготвите за боење со пастелни бои.

Потребни состојки (за 10 до 12 јајца):

  • 300ml вода;
  • 300ml алкохолен оцет.

Начин на подготовка:

  • Јајцата треба да бидат на собна температура за да не пукаат додека се варат;
  • Во тенџере се мешаат вода и оцет во размер 1:1 и се ставаат и јајцата да се варат околу 10-тина минути на умерена температура;
  • Пената што се создава при варењето треба да се собира со лажица;
  • Откако ќе се сварат јајцата, тенџерето се става во мијалник, прво под млаз млака вода, а потоа и со студена;
  • Со мека крпа или со сунѓер внимателно се чистат јајцата и се мијат;
  • Јајцата треба да се исушат и потоа можете да се декорираат.

Видео упатство:

 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 

A post shared by Jelena Kocmanović (@nas_dan_svaki_dan)

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
5 работи што секогаш мора да ги перете со жешка вода Белите крпи, заедно со постелнината, се работи што секогаш треба да се перат со ...
Нова лесна техника за фарбање велигденски јајца (ако немате друга опција) Ако сакате да пробате нова техника или едноставно не сте се снабдиле со бои, има...
Корисни трикови што ќе ви решат многу проблеми низ домот (и ќе ви заштедат време и пари) Со алатката за сечење јајца можете да исечете и печурки, а разните клучеви может...
Трикови и совети што ќе ви решат многу проблеми во кујна Покријте ја кујнската вага со најлонска фолија за да не ја извалкате кога ја кор...

Најчитани неделава