8 трикови со кои ќе си го олесните готвењето (и ќе заштедите пари)

Ако ви останат многу свежи зачини што не можете да ги искористите пред да се расипат, ставете ги во калап за мраз, ставете им маслиново масло и замрзнете ги.

8-trikovi-so-koi-kje-si-go-olesnite-gotvenjeto-i-kje-go-namalite-kujnskiot-otpad-01.jpg

Колку и да сме внимателни, некогаш сите сме присилени да фрламе храна. Некогаш ја забораваме дека ја имаме, а некогаш и купуваме повеќе од што можеме да изедеме.

Но, постои начин да го продолжите рокот на многу намирници, а со тоа и да го намалите фрлањето на храната.

Постојат и трикови што ќе ви помогнат да го намалите и другиот кујнски отпад, како и трикови што многу ќе ви го олеснат готвењето.

Неколку вакви трикови во продолжение:

Како доматите да ви траат подолго?

Ако не ги чувате правилно, доматите можат да се расипат и за само 2-3 дена, особено ако времето е многу топло.

Доматите секогаш треба да ги чувате во фрижидер, особено ако се многу зрели. Но, пред да ги јадете, препорачливо е да ги оставите час-два на собна температура.

Ако, пак, имате исечен домат, ставете го во добро затворена пластична кутија или завиткајте го во пластична фолија, па ставете го фрижидер. На овој начин дури и пресечениот домат ќе ви трае 2-3 дена.

8-trikovi-i-soveti-so-koi-kje-gi-namalite-frlanjeto-hrana-i-kujnskiot-otpad-02.jpg

Чувајте ја пластичната фолија во фрижидерот

Пластичната фолија знае да се залепи, па може да биде практично невозможно да ја одвиткате без да ја скинете.

Но, ако ја чувате во фрижидер, лесно ќе го избегнете ова.

Поради ниската температура фолијата нема да биде многу леплива, па многу полесно ќе ја одвиткате.

8-trikovi-i-soveti-so-koi-kje-gi-namalite-frlanjeto-hrana-i-kujnskiot-otpad-03.jpg

Замрзнете ги свежите зачини

Ако имате многу свежи зачини како босилек или магдонос кои знаете дека нема да ги изедете навреме, можете драстично да им го продолжите рокот на траење ако ги замрзните.

Исечкајте ги, ставете ги во калапи за мраз, па додајте маслиново масло и ставете ги во замрзнувач.

Потоа само вадете ги по потреба – можете да го ставите замрзнатото масло директно во тавата.

8-trikovi-i-soveti-so-koi-kje-gi-namalite-frlanjeto-hrana-i-kujnskiot-otpad-04.jpg

Како да проверите дали јајцата се свежи?

Постои многу едноставен трик што ќе ви помогне во ова, а за кој ви требаат само чаша и вода.

Наполнете ја чашата со вода и ставете го јајцето внатре.

Ако јајцето падне на дното, тоа значи дека е свежо. Ако е малку над дното, значи дека не е многу свежо, но сепак е погодно за јадење.

Ако јајцето исплива на површината, тогаш најдобро фрлете го.

8-trikovi-i-soveti-so-koi-kje-gi-namalite-frlanjeto-hrana-i-kujnskiot-otpad-05.jpg

Уште четири трикови на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Валкани штекери и уште 9 ситници поради кои домот ви изгледа неуредно во очите на гостите Дамки од бигор на чешмата, расфрлани шминки и овенато цвеќе – постојат ситници н...
8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
Работи што ги правите погрешно кога го чистите домот (и можат да бидат опасни) Ги чистите тавите со жичка и користите чистач на пареа за тепихот – со овие греш...
Кафе, квасец: Производи во кујната што ги чуваме погрешно, па најчесто ги фрламе Шеќер - Препорачливо е шеќерот да го купувате во ограничени количини, бидејќи е ...
6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
Корисни трикови како да ги измерите состојките „од око“ (а да се точни) Ви се случило ли кога готвите да ставате состојки „од око“? Но, што ако рецептат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg