Хоја – Растение со уникатен изглед кое мириса на мед, а не бара голема нега (фото)

Хоја, познато и како восочен цвет, е растение со уникатен изглед чии цветови испуштаат арома слична како онаа на медот.

hoja-rastenie-so-unikaten-izgled-koe-mirisa-na-med-a-ne-bara-golema-nega-foto-01.jpg

Цвеќето хоја, познато и како восочен цвет е растение кое не бара голема нега, а изгледа навистина уникатно.

Покрај тоа, цветовите испуштаат пријатен мирис кој потсетува на мед.

Ова растение, чие латинско име е Hoya carnosa, изгледа како да е направено од восок, па оттаму и народното име.

Цветовите му се бели со црвена средина.

Растението цвета во пролет и лето, а може да порасне и до неколку метри.

Грижата за ова растение е мошне лесна, па е одлично за почетници. Важно е да не го ставате на силна директна сончева светлина, ниту под клима или на место каде што има провев.

Не треба да го наводнувате многу често, туку само кога ќе забележите дека почвата во саксијата е сува.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во дворoт на Роберт во с. Новаци, битолско: Цветен рај со дрвено вовче и летниковец (фото) Кога нешто се полева со љубов, тогаш резултатот е неверојатен... Почувствувајте ...
Привлекува пари и среќа – Совети за одгледување Монстера, растението што ќе ви го претвори домот во ... Според Фенг шуи, брзото растење на Монстерата симболизира раст и напредок, носи ...
Во дворот на Сања од битолско: „Со сопругот сами правиме декорации, во зима уживаме во стакленикот“ „Љубовта кон цвеќето ми е некако наследена од мојата мајка – како мала таа многу...
Четири растенија кои сакаат сенка (и се идеални за темен стан) Сансеверијата е едно од најотпорните собни растенија, вирее во потемна просториј...

Најчитани неделава