6 собни растенија кои лесно ќе преживеат, дури и во домот на „најнегрижливите“

На некои цвеќиња вода треба да им ставате еднаш месечно, други не бараат светлина, ниту посебни услови за да преживеат. Дали мислите дека ќе успеете да одржите во живот барем едно од растенијата кои можат да преживеат дури и во домот на „најнегрижливите“?

koi-sobni-rastenija-lesno-kje-prezhiveat-duri-i-vo-domot-na-najnegrizhlivite-01_copy.jpg

Дали знаете да се грижите за собните растенија или не успевате да ги одржите во живот дури ни оние на кои не им треба посебна нега?

Дури и да сте од оние луѓе кои успеале да „убијат“ кактус, дајте си уште една шанса и обидете се со некое од овие растенија, кои (теоретски) можат да преживеат дури и во домот на „најнегрижливите“.

Замија (Zamia)

Замијата е цвеќе кое не бара многу внимание и посветеност.

Се полева со вода еднаш месечно, а во зима и поретко.

Бидејќи потекнува од Африка лесно преживува без вода.

Може да израсне и до 100cm во висина.

Сака светлина, но не треба да е директно изложено на сонце.

Оптималната температура за оваа билка изнесува од 18 до 24 степени.

koi-sobni-rastenija-lesno-kje-prezhiveat-duri-i-vo-domot-na-najnegrizhlivite-07.jpg

Дифенбахија (Dieffenbachia)

Дифенбахијата има големи зелени листови со жолти шари (ова растение има неколку комбинации).

Сака светлина, а расте во секое време од годината.

Во текот на летото бара повеќе вода, на 2-3 дена, а на зима доволно е да ја залевате еднаш седмично.

Кога растението ќе остари, долните листови умираат, па исечете ги на околу 7-8 cm над земјата за да им дадете можност на младите листови да израснат.

koi-sobni-rastenija-lesno-kje-prezhiveat-duri-i-vo-domot-na-najnegrizhlivite-06.jpg

Свекрвин јазик (Sansevieria trifasciata)

Свекрвин јазик е повеќегодишно зимзелено растение.

Спаѓа во редот на кактуси и не бара голема нега, а издржува дури и во екстремни услови и на ниски температури.

Се полева еднаш во две недели (или поретко).

Познато е и како растение кое многу го прочистува воздухот и произведува голема количина кислород.

koi-sobni-rastenija-lesno-kje-prezhiveat-duri-i-vo-domot-na-najnegrizhlivite-04.jpg

Уште 3 цвеќиња на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Кафе како ѓубриво, лук за заштита од инсекти: Трикови за здрави растенија со продукти што ги имате д... Талогот од кафе содржи азот, калиум, фосфор, магнезиум… Сето ова се хранливи мат...
Привлекува пари и среќа – Совети за одгледување Монстера, растението што ќе ви го претвори домот во ... Според Фенг шуи, брзото растење на Монстерата симболизира раст и напредок, носи ...
Во дворот на Сања од битолско: „Со сопругот сами правиме декорации, во зима уживаме во стакленикот“ „Љубовта кон цвеќето ми е некако наследена од мојата мајка – како мала таа многу...
Четири растенија кои сакаат сенка (и се идеални за темен стан) Сансеверијата е едно од најотпорните собни растенија, вирее во потемна просториј...

Најчитани неделава