Уникатен цвет со боцки: Совети за одгледување Исусов трн

Иако е мошне едноставно растение за одгледување, Исусовиот трн спаѓа во отровните билки со кои треба да бидете особено внимателни. При пресадување, носете ракавици поради отровниот млечен сок, кој се создава со кршење на стеблото и листовите, а може да ги иритира кожата и очите.

soveti-za-odgleduvanje-euforbija-milii-narodno-poznat-kako-isusov-trn-01.jpg

Исусовиот трн (Euphorbia milii) е повеќегодишно растение кое расте и до 180 сантиметри во височина. Гранките се густо покриени со трње, листовите му се овални, долги до 35 сантиметри, широки 15 милиметри, а цветовите се ситни и може да бидат во жолта, бела, црвена или розова боја.

Како да одгледувате Исусов трн?

Исусовиот трн природно е распространет во Мадагаскар, а на нашите простори се одгледува како украсно растение во затворен простор.

На ова растение му одговараат сончеви позиции и сув воздух, но и добро дренирана почва.

Толерира собна температура, во зима може да се чува и во загреана просторија, а минимална температура на која може да го изложите е до 8°C.

soveti-za-odgleduvanje-euforbija-milii-narodno-poznat-kako-isusov-trn-02.jpg

Во лето, залевањето треба да се врши умерено, а да се прихранува на секои 2-3 недели со течно ѓубриво, додека пак во зима наводнувањето треба да се намали и да се наводнува толку колку само да не се исуши коренот.

Пресадувањето на ова растение се врши по потреба, кога коренот ќе ја надмине големината на саксијата, вообичаено на секои 2-3 години.

Што се однесува до размножувањето, тоа се прави со резанки долги околу 7-10 сантиметри и тоа во пролет. Кога резанките ќе се вкоренат, треба да им се исечат врвовите, за растението да се разграни и да формира грмушка.

soveti-za-odgleduvanje-euforbija-milii-narodno-poznat-kako-isusov-trn-03.jpg

Напролет, кога ноќните температури не се спуштаат под 16°C, Исусовиот трн може да го извадите на отворено. Обликот и големината на грмушката ќе го постигнете со режење, слабите или тенки гранки се отстрануваат на есен, а ова ќе го стимулира растот на растението во пролет.

Исусовиот трн цвета во текот на целта година, но најчесто од рана пролет до доцна во лето.

За да се намали ризикот од габични заболувања, треба редовно да се отстрануваат сувите цветчиња и листови.

soveti-za-odgleduvanje-euforbija-milii-narodno-poznat-kako-isusov-trn-04.jpg

Може да се случи листовите на растението да почнат наеднаш да паѓаат, а ако тоа се случи во зима, најверојатно Исусовиот трн го чувате во премногу студена просторија.

Опаѓањето на листовите може да биде предизвикано и од честото менување на положбата на растението, но и од прекумерното залевање со вода.

Во тој случај, еден месец наводнувањето треба да биде минимално, по што ќе почнат да се појавуваат нови ливчиња.

soveti-za-odgleduvanje-euforbija-milii-narodno-poznat-kako-isusov-trn-05_copy.jpg

Бидете внимателни поради неговата токсичност

Иако е мошне едноставно растение за одгледување, Исусовиот трн спаѓа во отровните билки со кои треба да бидете особено внимателни. При пресадување, носете ракавици поради отровниот млечен сок, кој се создава со кршење на стеблото и листовите, а може да ги иритира кожата и очите.

Доколку се проголтаат, сите делови на растението се отровни за луѓето и за домашните миленици, при што може да се дојде до состојба на мачнини и повраќање.

М. Ѓ | Црнобело / фото: pixabay.com

Би можело да ве интересира:

Хоја – Растение со уникатен изглед кое мириса на мед, а не бара голема нега (фото) Хоја, познато и како восочен цвет, е растение со уникатен изглед чии цветови исп...
6 собни растенија кои лесно ќе преживеат, дури и во домот на „најнегрижливите“ На некои цвеќиња вода треба да им ставате еднаш месечно, други не бараат светлин...
Висечки растенија во домот: Кои видови се најпогодни? Собните растенија се одличен начин да го разубавите вашиот ентериер и ...
Чести грешки со кои несвесно ги „убивате“ растенијата во домот Често ги пресадувате, сите растенија ги чувате на сонце и заборавате да им ги ис...
Одгледување сардели: Како да се грижите за нив и кога е идеалното време да ги изнесете надвор? На сарделите најмногу им одговара светло место, но да не бидат изложени директно...
Направете сами ѓубриво за вашите билки од остатоци од храна и пијалаци - цвеќињата ќе ви благодарат Од овие остатоци од храна и пијалаци, вашите цвеќиња ќе цветаат без престан. Со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg