Среќен бамбус – Како да се грижите за него и зошто е добро да го имате во домот?

Таканаречениот среќен бамбус може да вирее во секој дел од домот, но, според Фенг шуи, поставете го на источната страна од вашиот дом. На овој начин треба да ви донесе среќа, богатство и просперитет.

srekjen-bambus-kako-da-go-neguvate-i-zoshto-e-dobro-da-go-imate-vo-vashiot-dom-01.jpg

За да го одгледувате среќниот бамбус (Lucky bamboo) во вашиот дом, ќе ви требаат само малку вода и малку сонце, а според Фенг шуи, тој ќе ви донесе среќа, особено ако го добиете како подарок.

Исто така, според Фенг шуи се верува дека среќниот бамбус во своето опкружување ги балансира природните елементи, вода, земја, оган и дрво.

Според кинеската традиција, секој број на бамбус стебленца кои ги чувате во вашиот дом има одредено значење:

  • Два – љубов
  • Три – среќа, богатство и долговечност
  • Пет – просперитет
  • Шест – среќа и благосостојба
  • Осум – раст и напредок
  • Девет – исклучителна среќа
  • Десет – совршенство
  • Дваесет и еден – благослов

srekjen-bambus-kako-da-go-neguvate-i-zoshto-e-dobro-da-go-imate-vo-vashiot-dom-02.jpg

Какви услови му се потребни на среќниот бамбус?

За да го одржувате среќниот бамбус, треба да му ја менувате водата секоја недела. Не сака директна сончева светлина, а му одговара просечна собна температура од 20 до 23 степени.

Иако не треба многу да го прихранувате, имајте на ум дека сепак е жив организам, а не пластично растение, па барем еднаш месечно додајте капка течно ѓубриво во водата. При менувањето на водата, не ставајте директно од чешма, туку оставете ја водата да постои барем една ноќ.

Понекогаш листовите може да пожолтат и тоа се случува најчесто поради премногу директна светлина или ако водата што ја ставате е со премногу хлор.

Среќниот бамбус може да го одгледувате и во земја која постојано треба да ја одржувате влажна, но нема потреба за тоа, сосема доволно е да го држите во вода и редовно да му ја менувате.

srekjen-bambus-kako-da-go-neguvate-i-zoshto-e-dobro-da-go-imate-vo-vashiot-dom-03.jpg

Ова растение добро ќе расте во сите делови од домот, но според Фенг шуи поставете го на источната страна од вашиот дом. На овој начин треба да ви донесе среќа, богатство и просперитет.

Многу луѓе се прашуваат дали ако сушењето на бамбусот носи лоша среќа и дали е лошо ако самите си го купат себе, а одговорот и на двете прашања е негативен.

Среќниот бамбус носи среќа без разлика дали ќе го купите за себе или за некој друг, па дури и да се исуши. Тогаш само заменете го со нов.

М. Ѓ | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во дворoт на Роберт во с. Новаци, битолско: Цветен рај со дрвено вовче и летниковец (фото) Кога нешто се полева со љубов, тогаш резултатот е неверојатен... Почувствувајте ...
Кафе како ѓубриво, лук за заштита од инсекти: Трикови за здрави растенија со продукти што ги имате д... Талогот од кафе содржи азот, калиум, фосфор, магнезиум… Сето ова се хранливи мат...
Привлекува пари и среќа – Совети за одгледување Монстера, растението што ќе ви го претвори домот во ... Според Фенг шуи, брзото растење на Монстерата симболизира раст и напредок, носи ...

Најчитани неделава