Што да направите за розите во вашиот двор да изгледаат како од списание?

Наскоро ќе започнат да цветаат, па доколку сакате да се гордеете со вашиот двор и убаво расцветани рози треба да знаете и неколку трикови како да ги одржувате свежи и да поттикнете бујно да цветаат.

za-rozite-vo-vashiot-dvor-da-izgledaat-kako-od-bajka-napravete-sami-gjubriva-od-prirodni-sostojki-01.jpg

Розите низ целиот свет се познати како традиционален симбол за љубов и убавина. Тие се омилен цвет на секоја дама.

Ако сакате градината да ви изгледа како од бајките или како во списанијата, тогаш можете да засадите рози во разни бои.

Сепак, треба да знаете дека убавите рози бараат нега и постојано наѓубрување.

Ако вештачките ѓубрива и прихраната за цвеќиња за вас се скапа опција, можете да се послужите со природни ѓубрива за почвата, што ќе ви помогнат вашите рози да изгледаат здраво и прекрасно.

Во продолжение погледнете неколку природни ѓубрива со кои можете да направите вашите рози да изгледаат прекрасно:

Кора од банана

Можеби ќе се изненадите, но кората од банана помага за цветање на розите.

Бидејќи содржи големо количество на калиум, таа помага овие растенија да ги добијат речиси сите хранливи материи што им се потребни за бујно цветање.

Пред да ги засадите розите, исечкајте ја кората од бананата, а потоа ставете ја околу коренот и покријте со земјата.

Доколку решите да го испробате овој трик треба да знаете дека доколку розите се веќе посадени, можете кората од банана да ја поставите што поблиску до коренот и потоа темелно да ја полевате почвата бидејќи водата ќе помогне да се разложи кората и да се поддржи нов раст.

za-rozite-vo-vashiot-dvor-da-izgledaat-kako-od-bajka-napravete-sami-gjubriva-od-prirodni-sostojki-02.jpg 

Талог од кафе

Како природно ѓубриво може да се користи и талогот од кафе кој во себе содржи калиум, магнезиум, азот.

Земете грст талог од кафе и посипете го на почвата каде се засадени розите.

za-rozite-vo-vashiot-dvor-da-izgledaat-kako-od-bajka-napravete-sami-gjubriva-od-prirodni-sostojki-04.jpg

Лушпа од јајце

Нема сомнеж дека еден од најефикасните начини со кои ќе поттикнете раст на розите е во земјата каде се посадени да додадете лушпа од јајце.

Скршете ја лушпата од јајцето на парчиња и поставете ја што поблиску до коренот.

za-rozite-vo-vashiot-dvor-da-izgledaat-kako-od-bajka-napravete-sami-gjubriva-od-prirodni-sostojki-05.jpg

Густ раствор од коприва

Овој раствор има многу непријатен мирис и благодарение на него розите се заштитени од штетниците.

Во 10 литри вода потопете 1 килограм коприва без корен и оставете го да отстои 10-15 дена на сенка.

Растворот мешајте го секој ден а ќе може да го употребите во оној момент кога ќе биде густ и ќе добие кафена боја.

Растворот од коприва ги снабдува растенијата со кислород и ги штити од болести.

Розите треба да се полеваат обилно на секои 2 до 3 дена.

za-rozite-vo-vashiot-dvor-da-izgledaat-kako-od-bajka-napravete-sami-gjubriva-od-prirodni-sostojki-06.jpg

В. К. | Црнобело / фото: pexels.com

Би можело да ве интересира:

Во дворoт на Роберт во с. Новаци, битолско: Цветен рај со дрвено вовче и летниковец (фото) Кога нешто се полева со љубов, тогаш резултатот е неверојатен... Почувствувајте ...
Кафе како ѓубриво, лук за заштита од инсекти: Трикови за здрави растенија со продукти што ги имате д... Талогот од кафе содржи азот, калиум, фосфор, магнезиум… Сето ова се хранливи мат...
Во дворот на Добрила и Наум од Охрид: Зелен рај со многу цвеќиња и фурна „Секое катче во дворот ни е драго, но има едно место кое ни е посебно омилено, а...
Рајското дворче на црквата „Св. Илија“ во охридското с. Велгошти е совршено за релаксација (фото) До црквата може да се стигне со автомобил по локален пат, а постојат и пешачки п...
Во дворот на Сања од битолско: „Со сопругот сами правиме декорации, во зима уживаме во стакленикот“ „Љубовта кон цвеќето ми е некако наследена од мојата мајка – како мала таа многу...
Дворчето на Ружа во Ресен, каде царуваат хризантемите во сите бои (фото) Од виолетови до бели, хризантемите го претворија дворот на Ружа Димиџиевска од Р...

Најчитани неделава