Уживајте во лалињата

Отидете до најблискиот пазар и купете лалиња. Доволен ви е еден букет за од дома најпосле да и кажете збогум на зимата.

uzivajte-vo-lalinjata-1

Убави се затоа што се едноставни
Лалињата како и останатите луковици, освен во градината, може да се одгледуваат и дома, во саксии и декоративни чинии. Важно е на пролет да ги изнесете на прозор и редовно да ги полевате. Штом ќе блесне сонцето, нежното стебло ќе се пробие низ земјата, а наскоро ќе ве израдува и цветот со едноставна и неодолива убавина.

uzivajte-vo-lalinjata-2

Царски цвет
Иако лалињата ги увезуваме од Холандија, ова убаво цвеќе во Европа стигнало од Туркестан, каде било симбол на бројни отомански династии. Во Холандија лалињата толку се вдомиле што полека почнале да освојуваат сè поголема површина од земјата. До денес се одгледани неколку илјади видови лалиња, така што не може да се пребројат сите бои и нијанси.

uzivajte-vo-lalinjata-3

Внимателно одбирајте ја бојата
Како и многуте други видови на цвеќе и кај лалињата секоја боја си носи свое обележје. Црвените се поврзуваат со вистинската љубов, розовите со искажувањето на нежност, додека со белите се бара прошка. Жолтите лалиња некогаш мажите им ги подарувале на жените кои не им ја возвраќале љубовта, а денес симболизираат среќа и оптимизам, додека шарените се идеални за сите прилики.

Би можело да ве интересира:

Во дворoт на Роберт во с. Новаци, битолско: Цветен рај со дрвено вовче и летниковец (фото) Кога нешто се полева со љубов, тогаш резултатот е неверојатен... Почувствувајте ...
Кафе како ѓубриво, лук за заштита од инсекти: Трикови за здрави растенија со продукти што ги имате д... Талогот од кафе содржи азот, калиум, фосфор, магнезиум… Сето ова се хранливи мат...
Привлекува пари и среќа – Совети за одгледување Монстера, растението што ќе ви го претвори домот во ... Според Фенг шуи, брзото растење на Монстерата симболизира раст и напредок, носи ...

Најчитани неделава