Како вашиот двор да изгледа поголем и поубав?

Добрите градинари ги знаат тајните на правилното уредување на зелените површини! Знаат како да ги комбинираат декоративните садници, ги познаваат нивните карактеристиките, како растат, какви услови за одгледување им се потребни итн.

kako-vasiot-dvor-da-izgleda-pogolem-i-poubav-1

Градинарството е одлично хоби за сите оние кои имаат афинитети кон него, и црпат позитивна енергија уредувајќи и одржувајќи го својот двор.

Но, не ретко ни се има случено на погрешно место да насадиме дрвце, да направиме несоодветна комбинација, па декоративните садници да си сметаат една со друга и на крај да мораме повторно да инвестираме време и средтсва во комплетно ново преуредување на нашиот двор.

Со цел да си ја олесниме работата на долг рок, а и да заштедиме финансии, секако дека е најдобро да се посоветуваме со експерти за хортикултура, луѓе кои се вешти и професионални во својот домен, и кои можат да се пофалат со реализација на беспрекорно уредени дворни површини.

Со цел да им помогнеме на нашите читатели кои имаат интерес за оваа тема редакцијата на Црнобело разговараше со експертите од градинарскиот центар ФОЈА, кои ни открија неколку мали тајни на уредувањето на градините.

kako-vasiot-dvor-da-izgleda-pogolem-i-poubav-2


Како еден двор да изгледа поголем?

Ако балконската врата или прозорецот од дневната соба гледа кон Вашиот двор или тераса кои се тесни, чувството на поширок простор може да се постигне, доколку на крајот од дворот кон куќата скалесто (по висина) се насадат декоративните садници. По можност пониските да бидат со посветла боја, и интензитетот кон потемна да се зголемува по височина. Дополнително шареноликоста, комбинацијата на различни, но компатабилни бои и структури ќе го зголемат ефектот.

kako-vasiot-dvor-da-izgleda-pogolem-i-poubav-5


Која е тајната на убаво уредените дворови?

Долгорочно гледано тајната е во одржувањето. Бидејќи инвестицијата во добар проект и ексклузивен посадочен материјал може брзо да пропадне доколку зеленилото не се одржува редовно и правилно. Тоа не подразбира само редовно полевање. Туку и кроење, прихранување и заштита од штетни инсекти и габи.

Треба да се води сметка неопходните третмани да се изведуваат во континуитет.

kako-vasiot-dvor-da-izgleda-pogolem-i-poubav-3


Што да се прави во есен?

Во Есен растенијата се подготвуваат за презимување, затоа полевањето и ѓубрење со минерални ѓубрива треба да го намалиме или комплетно да го изоставиме (зависно од видот на растенијата).

Планираното садење или пресадување на зимзелени дрвја, грмушки, перени, а посебно на листопадните дрвја (со гол корен или бусен) се изведува исклучиво кога растенијата „мируваат“, а тоа е од средината на ноември до февруари.

Во тој период се сади се додека дневните температури се над 0° Ц и земјата не е замрзната.

Есента е идеално време да се посадат: Лалиња, Зумбули, Нарциси и други издржливи цветни луковици. Трајните цветници - Перените, како Божур (Паеониа спп.) Каранфилче (Диантхус спп.), Перуника (Ирис спп.) и многу други успешно се расадуваат со делење на нивните ризоми, токму овој период. Воедно се окопуваат растенијата, се чистат од коров, се кратат сите суви гранки, се собираат паднатите лисја и насобраниот растителен отпад се депонира во компостара (дупка, канта, заграден простор наменет за природно разградување на растителен и друг органски отпад).

Медитеранските растенија чувствителни на ниски температури, кои подолго време се одомаќинети кај нас како: Розмарин, Олеандер, Ловор, Трацхицарпус спп - палма  и други, најдобро е да ги засолниме во заветрина или затворен делумно осветлен простор каде температурата нема драстично да падне. Доколу се посадени надвор задолжително да се заштитат со агро-филц и најлон (со отвори за проветрување). Компирките - ризомите од Далиа спп. и Цанна индица се вадат од земјата и се складирааат во подрум. Повторно се садат во април.    

Во Градинарски центар Фоја, кој се наоѓа во Кисела Вода на ул. Народни Херои, посетителите можат да најдат широк асортиман на декоративни садници, да добијат совети за нивното зеленило и да дојдат до квалитетни и евтини декоративни садници. Сепак, најважно е помеѓу секојдневните обврски и градинарските активности, да не пропуштате моменти на уживање и релаксација во единствениот колорит и раскош на Есента.

kako-vasiot-dvor-da-izgleda-pogolem-i-poubav-4


Какви сè услуги нуди ФОЈА?

Активни сме на три полиња:

Производство на декоративни листопадни дрвја, четинари грмушки и перени, трговија и изработка на пејсажни проекти за приватни дворови, деловни дворови и јавни површини со нивна комплетна реализација. За повеќе можете да се информирате на телефонот: 2 772 046, преку мејл адресата Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или преку нашата фејсбук страница.


Кои растенија ги препорачуваме за овој период од годината?

Без двоумење еден од синонимите за пристигната есен е Хризантемата. Нејзината крошна исполнета со густи цветови е драгоцен украс за секој дом.

Задолжително потрудете се да набавите барем една садница, или пак да наберете букет од старите сорти. Тие покрај тоа што изгледаат убаво, мирисаат уникатно и испиративно. Хризантемата е *перена (која ја губи лисната маса во зима напролет повторно разлистува и наесен цвета). Пожелно е зимото да биде посадена во земја на отворено.

Зимските Темјанушки (Виоли) се вистинско чудо на природата. Тие се цветен расад кои им пркоси на мразот. Во најладните денови се вкочануваат од студот, но првото зимско сонце ќе ги видите во полн сјај. (Не заборавајте да ги полевате и во текот на зимата, мразот брзо ја извлекува влагата од почвата и потребно е повремено полевање). Како едногодишна култура Темјанушката вирее до јуни – јули евентуално август.

Би можело да ве интересира:

Чести грешки со кои несвесно ги „убивате“ растенијата во домот Често ги пресадувате, сите растенија ги чувате на сонце и заборавате да им ги ис...
Што да направите за розите во вашиот двор да изгледаат како од списание? Наскоро ќе започнат да цветаат па доколку сакате да се гордеете со ваш...
Дворче во Градско со лулашки личи на вистинско игралиште и е сон за секое дете (фото) Освен лулашките, во дворчето на Даниела и Томе има и летниковец со хамок, но и и...
Бети од кочанско креирала мини рај во нејзиниот двор во Франција: „Законски сме обврзани да ја косим... „Маслинката беше обична маслинка и јас си ја кроев вака на облаци. Шимширот...
Дворче во Чучер Сандево со базен, цвеќиња и палми за совршено летно уживање (фото) Кога помислувате на летно опуштање додека сте дома, една од првите мисли сигурно...
Дворче во Битола со бунар и зимзелени дрвца е вистински зелен рај (фото) Дворче во Битола е спој на хармонија, мир и убавина - идеално место да бегство о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg