Билки кои ги одбиваат инсектите од вашиот дом

Дали знаете дека постои начин истовремено да ја украсите вашата тераса или двор и да се заштитите од комарците и другите здодевни инсекти?

bilki-koi-gi-dbivaat-insektite-od-vasiot-dom-1

Насадете ги овие билки блиску до вашата врата или прозорец или во вашиот двор на местото каде што најмногу време поминувате.

Погледнете кои билки ќе ви го разубават дворот, но и ќе ви обезбедат заштита од инсектите, а истите можете да ги пронајдете во сите билни аптеки:

1. Невен - Има специфичен мирис и истиот спаѓа во групата најважни билки кои ги одбиваат сите инсекти, а посебно комарците. Невенот посадете го блиску до вашиот прозорец или влезната врата за да ги спречите комарците да влезат во вашиот дом.

bilki-koi-gi-dbivaat-insektite-od-vasiot-dom-2

2. Валеријана (мачкина трева) - Истражувањата покажале дека токму оваа трева е десет пати поефикасна од сите хемиски средства наменети против комарци и останатите инсекти.  Посадете ја на местото каде што најмногу се собираат комарците. Доколку имате мачка не ја садете на место кое што таа би можела да го дофати, бидејќи мачките уживаат во овие билки и ги јадат, па на тој начин можат да го уништат вашиот труд. Насадете посебно растение само за вашиот миленик.

bilki-koi-gi-dbivaat-insektite-od-vasiot-dom-3


3. Рузмарин-
Прекрасна билка со специфичен мирис која честопати ја користиме како зачин за повкусна храна, но таа има уште една употреба. Рузмаринот е одличен за бркање на комарците и мувите, а со својот мирис ги привлекува пеперутките.

bilki-koi-gi-dbivaat-insektite-od-vasiot-dom-4


4. Босилек -
Исто како и рузмаринот, босилекот може да употребува во кујната. Ова растение ги брка особено комарците, а потоа и другите инсекти. Насадете го во саксија или директно во земја, блиску до вашите прозорци и врати и ќе имате мирно лето, без здодевните инсекти. 

bilki-koi-gi-dbivaat-insektite-od-vasiot-dom-5-

Би можело да ве интересира:

Во дворoт на Роберт во с. Новаци, битолско: Цветен рај со дрвено вовче и летниковец (фото) Кога нешто се полева со љубов, тогаш резултатот е неверојатен... Почувствувајте ...
Кафе како ѓубриво, лук за заштита од инсекти: Трикови за здрави растенија со продукти што ги имате д... Талогот од кафе содржи азот, калиум, фосфор, магнезиум… Сето ова се хранливи мат...
Во дворот на Добрила и Наум од Охрид: Зелен рај со многу цвеќиња и фурна „Секое катче во дворот ни е драго, но има едно место кое ни е посебно омилено, а...
Рајското дворче на црквата „Св. Илија“ во охридското с. Велгошти е совршено за релаксација (фото) До црквата може да се стигне со автомобил по локален пат, а постојат и пешачки п...
Во дворот на Сања од битолско: „Со сопругот сами правиме декорации, во зима уживаме во стакленикот“ „Љубовта кон цвеќето ми е некако наследена од мојата мајка – како мала таа многу...
Дворчето на Ружа во Ресен, каде царуваат хризантемите во сите бои (фото) Од виолетови до бели, хризантемите го претворија дворот на Ружа Димиџиевска од Р...

Најчитани неделава