Мора да ја имате дома: Билка која привлекува пари и здравје

Во јапонската култура оваа билка има улога за привлекување на пари, а ова верување брзо се шири низ целиот свет преку луѓето кои веруваат во Фенг шуи препораките.

mora-da-ja-imate-doma-bilka-koja-privlekuva-pari-i-zdravje-01.jpg

Фенг шуи филозофијата смета дека ќе имате многу пари доколку во домот чувате красула чии дебели листови потсетуваат на монети. Плус, експертите советуваат да ја чувате оваа билка веднаш покрај влезната врата.

Јапонското дрво на пари кај нас не е многу познато и популарно, но се верува дека привлекува богатство и позитивно влијае на работата. Затоа, поголемите компании решаваат да ја чуваат во канцелариите, а во некои азиски земји дури и се пренесува од колено на  колено.

Самата билка е доста отпорна на инсекти и штетници, а може да се купи и одржува за малку пари.

Се одржува слично како кактусите, во земја со многу песок и не бара многу вода.

mora-da-ja-imate-doma-bilka-koja-privlekuva-pari-i-zdravje-02.jpg

Красулата е билка која сака светло место, а доколку нема доволно светлина листовите ќе започнат да избледуваат. Но, никако не смее да дозволите да ја пече сонце директно низ прозор.

Неопходно е да ја залевате умерено, зимно време на секои 10 дена, да ја пресадувате на 2 години и да ја чувате од десната страна на влезната врата за да си го исполните животот со здравје и благосостојба.

Би можело да ве интересира:

Привлекува пари и среќа – Совети за одгледување Монстера, растението што ќе ви го претвори домот во ... Според Фенг шуи, брзото растење на Монстерата симболизира раст и напредок, носи ...
Четири растенија кои сакаат сенка (и се идеални за темен стан) Сансеверијата е едно од најотпорните собни растенија, вирее во потемна просториј...

Најчитани неделава