Зен уметност: Како да направите jапонска градина во дворот?

Надалеку познатите јапонски градини се симбол на животот без стрес, а се одликуваат и со природен изглед и асиметрија.

zen-umetnost-tajnite-na-japonskite-gradini-01.jpg

Уредувањето на градината во јапонски стил подразбира комбинации на минијатурни дрва, грмушки и елементи кои имаат зад себе посебно важно значење.

Целта е да се постигне елегантно пејсажно решение, но суштината е да се обезбеди атмосфера на мир и тишина.

Градините во јапонски стил го слават односот меѓу човекот и природата и балансот меѓу нив е најважен.

Ова се 6 елементи карактеристични за јапонските градини:


1. Фонтана

Во јапонските градини често се забележуваат детали со вода. Во овој случај не станува збор за оние фонтани кои на ум ни надоаѓаат, кои брзо протекуваат и се распрскуваат насекаде.

Водата во нив треба да се движи бавно и да го одразува значењето кое стои зад неа. Според Јапонците, водата е симбол на мудроста и извор на животот.

Нема да ви биде потребно многу. Малку бамбус и дома можете да имате своја Јапонска фонтана.

zen-umetnost-tajnite-na-japonskite-gradini-1.jpg


2. Интересни камења

На местата каде не пости поток, езерце или фонтана, во Јапонија се поставуваат камења од најразлични облици.

Доволно е само да ја дефинирате песокта околу нив.

zen-umetnost-tajnite-na-japonskite-gradini-2.jpg


3. Камена ламба

Каменот во Јапонија е симбол на долговечноста, а специфичните ламби кои се сретнуваат во нивните градини се симбол на четирите природни елементи: водата, земјата, оганот и ветерот.

zen-umetnost-tajnite-na-japonskite-gradini-3.jpg


4. Мов

Густата мов во Јапонските култура претставува хармонија и традиција. Таа често се сретнува во градините околу крупните камења.

zen-umetnost-tajnite-na-japonskite-gradini-4.jpg


5. Мини дрва

Необичните минијатурни дрва придонесуваат во зголемувањето на ведрината и среќата. Тие се симбол на прецизното контролирање и управување со природата.

zen-umetnost-tajnite-na-japonskite-gradini-5.jpg


6. Бел песок

Тој е симбол на невиноста и чистотата, а најчесто се користи за декорирање и разубавување пред портите на куќите и храмовите.

zen-umetnost-tajnite-na-japonskite-gradini-6.jpg

Уживајте во фотките...

Би можело да ве интересира:

Кафе како ѓубриво, лук за заштита од инсекти: Трикови за здрави растенија со продукти што ги имате д... Талогот од кафе содржи азот, калиум, фосфор, магнезиум… Сето ова се хранливи мат...

Најчитани неделава